Зошто носот им е влажен и уште 9 работи за кучињата кои ве интересираат

Дури и со години да чувате куче, голема е веројатноста да не знаете сè за вашето милениче.

najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-01.jpg

Сигурно некогаш сте се запрашале за одредени однесувања на вашето куче, за неговите навики кои ви изгледаат чудни и, се разбира, за неговото здравје.

Затоа, прочитајте ги одговорите на најчесто поставуваните прашања за кучињата миленици:

Зошто носот на кучињата е влажен?

Главната причина за ова е лачењето мукус, што му помага на сетилото за мирис на кучињата. Истовремено, кучињата често имаат навика да го лижат нивниот нос и да го чистат со јазикот.

Некои луѓе сметаат дека штом носот на кучето е сув, тоа е болно, но ветеринарите тврдат дека не секогаш е така. Сепак, ако имате какви било грижи за неговото здравје, најдобро е да го прашате вашиот ветеринар.

najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-02.jpg

Дали некои видови, како питбул, се навистина поагресивни?

Неретко, за кучињата како питбул или доберман се верува дека се поагресивни видови. Но, експертите тврдат дека не можете да го предвидите однесувањето на едно куче само од неговата раса.

Наводно, речиси ниту еден вид не е поагресивен од другите. Разликата е што некои видови можат да бидат потврдоглави, а некои попослушни. Но, и тврдоглавите можат да бидат одлични миленици.

Добро е да знаете кои се главните карактеристики во однесувањето на расата на вашето куче, за полесно да го дресирате и да знаете што да очекувате.

najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-03.jpg

Дали кастрацијата го менува карактерот на кучето?

Нормално е да бидете загрижени за вашето куче кога станува збор за кастрација.

Повеќето ветеринари ќе ви кажат дека нема простор за грижа. Досега не е најдена поврзаност помеѓу отстранувањето на репродуктивните органи и менувањето на карактерот на кучето.

Сепак, после оваа операција, можно е кучето поретко да обележува територија со урина и помалку да душка наоколу.

najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-04.jpg

Дали е во ред кучето да се храни само со сува храна?

Ако тврдата храната е богата со потребните хранливи материи и е погодна за видот, возраста и животниот стил на вашето куче, можете да го храните и само со неа.

Вашиот ветеринар може да ви помогне да одредите која храна е најдобра за вашето куче, но и дали се потребни некакви промени во исхраната.

najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-05.jpg

Дали помалите видови навистина лаат повеќе?

За помалите видови кучиња се верува дека се многу погласни од големите. Но, само затоа што кучето е од поголем вид, не е гаранција дека ќе биде тивко. Важи и обратното.

Но, поголема е веројатноста дека малото куче, како чивава, ќе биде погласно. Наводно, некои видови се добивани со вкрстување, само за да бидат погласни. На пример, задачата на ловечките кучиња е да го известат сопственикот за пленот, па овие видови веројатно ќе лаат повеќе и погласно.

najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-06.jpg

Кои се попријателски настроени – машките или женските кучиња?

Изгледа дека во овој случај не постои голема разлика помеѓу машките и женските кучиња. Експертите сметаат дека со правилниот тренинг и социјализација уште од најрана возраст, вашето куче ќе биде пријателски настроено, без разлика на неговиот пол.

najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-07.jpg

Дали некои видови се полојални од други?

Иако за некои видови кучиња се верува дека се подобри придружници, и во овој случај влијаат дресирањето и начинот на одгледување.

Исто како кај лаењето, разните видови се одгледуваат за различна цел, па некои видови можат да бидат полојални. Кучето од секој вид може да биде одличен миленик ако добро се грижите за него.

najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-08.jpg

Дали можете да му давате живо месо на кучето?

Ветеринарите препорачуваат да не му давате живо месо на кучето, бидејќи не постојат цврсти докази дека живото месо е поздраво за кучињата.

Напротив, неколку истражувања покажале дека живото месо го зголемува ризикот од одредени нарушувања, па дури и од зарази со бактерии како салмонела или листерија.

najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-09.jpg

Дали кучињата плачат со солзи кога се тажни?

Иако кучињата имаат емоции и можат да бидат тажни, нивните солзи не се поради тага, туку поради иритација.

Кучињата не можат да плачат како луѓето, но имаат солзни жлезди кои служат за заштита од алергии, страни тела во окото и слично.

Ако забележите дека очите на вашето куче солзат повеќе од вообичаено, подобро консултирајте се со ветеринар.

najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *