Колку чини скафандер на НАСА – Факти за вселената кои звучат како фикција

Вселената никогаш не престанува да нè изненадува, а повеќето работи што сме ги научиле за неа, звучат како научна фантастика.

vselenski-fakti-koi-zvuchat-kako-fikcija-01.jpg

Но, токму ова ни докажува колку малку знаеме за светот околу нас и дека реалноста може да биде почудна и од фикцијата.

Во продолжение прочитајте неколку „вселенски“ факти, кои нема да ви се верува дека сте вистинити:

Постои планета од дијаманти вредна 26,9 нонилиони долари

Во 2004-та година, астрономите ја открија планетата Cancri 55 која е двапати поголема и десетпати потешка од Земјата. Подоцна се откри дека планетата е направена од јаглерод, а поради огромниот притисок во нејзината внатрешност, се претпоставува дека јаглеродот можеби е во форма на огромен дијамант.

Откако се расчу веста, од Forbes дури и ја пресметаа вредноста на планетата – 26,9 нонилиони долари.

vselenski-fakti-koi-zvuchat-kako-fikcija-02.jpg

Скафандрите на НАСА чинат по неколку милиони

Скафандерот им е единствената заштита на астронаутите кога излегуваат на „вселенска прошетка“, па не е ни чудно што за нив се вложува многу.

Според дизајнерот на скафандери Пабло де Леон, во минатото тие чинеле околу 22 милиони. Во 2017-та, пак, изработката на потполно нов скафандер чинела 250 милиони.

Дизајнерот исто така сподели дека од НАСА имаат само неколку скафандри, кои се направени пред многу години.

vselenski-fakti-koi-zvuchat-kako-fikcija-03.jpg

Вселената околу Земјата е потопла од вашиот фрижидер

Вселената е навистина студено место, со температура од околу -270 степени Целзиусови. Но, просторот околу нашата планета е дури и со повисока температура од вашиот фрижидер. Односно, овде температурата изнесува околу 10 степени.

vselenski-fakti-koi-zvuchat-kako-fikcija-04.jpg

На Венера врне „метален снег“

На врвот на планините на Венера, можете да најдете слој снег. Но, поради високите температури на планетата, овде не може да постои снег каков што знаеме ние. Наместо тоа, планинските врвови се покриени со два вида метал.

Научниците дошле до заклучок дека поради вулканските ерупции, металите се исфрлаат во вид на гас. На повисоките места, гасот кондензира, па создава еден вид метален мраз на врвовите на планините.

vselenski-fakti-koi-zvuchat-kako-fikcija-05.jpg

Во вселената владее „мртва“ тишина

Вселената е најтивкото место што ќе го сретнете, и тоа само поради вакуумот. Ова значи дека вселенските битки кои ги гледаме на филмовите, во реалноста ќе се одвиваат нечујно.

Интересно е што луѓето не се подготвени за ваква тишина, па ако се најдат на такво место можат да искусат не само паничен напад, туку и халуцинации.

Токму поради тоа, астронаутите се подготвуваат во посебни „тивки соби“.

vselenski-fakti-koi-zvuchat-kako-fikcija-06.jpg

Некогаш деновите траеле по 18 часа

Должината на деновите на Земјата, која се зголемувала со текот на историјата, е подложна на промени.

Земајќи го ова предвид, научниците од универзитетите Висконсин и Колумбија пресметале дека пред околу 1,5 милијарди години, деновите на Земјата траеле само 18 часа.

Според нивните пресметки и симулации, во наредните 3 милијарди години, должината на денот ќе се зголемува и тој ќе трае и до 36 часа.

vselenski-fakti-koi-zvuchat-kako-fikcija-07.jpg

Најголемиот вулкан во сончевиот систем се наоѓа на Марс

Вулканот Олимпус Монс, лоциран на Марс, има дијаметар од 600 километри, а е висок 27 километри. За споредба, Монт Еверест е висока 8 километри.

Се верува дека големината на вулканот е поради недостатокот од тектонски движења на планетата. Односно, кората на Марс останува во едно место, па со текот на времето се трупа повеќе магма.

vselenski-fakti-koi-zvuchat-kako-fikcija-08.jpg

Некои неутронски ѕвезди ротираат и по 700 пати во секунда

Неутронските ѕвезди настануваат кога некоја масивна ѕвезда останува без гориво и се руши. Ова рушење резултира со можеби најгустиот објект за којшто знаеме – ѕвезда со маса колку сонцето, а со големина на еден град.

Пулсарите, пак, се неутронски ѕвезди кои ротираат со огромна брзина, а еден пулсар кој се наоѓа во соѕвездието Стрелец правел дури 716 ротации во секунда.

vselenski-fakti-koi-zvuchat-kako-fikcija-09.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *