Рецепт за кнедли со јаготки – не е комплицирано како што изгледа

Во сезоната на јаготки постојано сме во потрага на нови рецепти во кои ќе ги вклучиме.

recept-za-knedli-so-jagotki-ne-e-komplicirano-kako-sto-izgleda-01.jpeg

Освен стандардните сокови, џемови, мармалади и сладоледи од јаготки, пробајте да направите слатки кнедли.

Постапката е многу поедноставна отколку што на прв поглед ви се чини.

Потребни состојки:

  • 1kg компири
  • 2 јајца
  • 50g путер
  • Малку сол
  • 400g ситно брашно
  • 12-16 поголеми јагоди
  • 100g мелен кокос
  • Арома од малина или јагоди
  • 2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

  • Компирите сварете ги добро заедно со лушпите, а откако ќе бидат сварени излупете ги и додајте им го путерот и малку сол. Направете пире и оставете го да отстои.
  • Во оладеното пире додајте ги јајцата и добро измешајте. Потоа додадете го брашното и направете мазно тесто од кое ќе обликувате кнедли.
  • Во секоја кнедла втиснете една јаготка.
  • Загрејте вода до степен на вриење, па во неа пуштете неколку кнедли. Откако ќе испливаат на површина, варете ги 10-тина минути.
  • Извадете ги и исцедете ги во голема цедалка. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите тестото.
  • Во пластичен сад со капаче ставете го кокосот и додадете му неколку капки од аромата која сте ја одбрале. Затворете го садот и протресете, за аромата да се пренесе по целиот кокос.
  • На крајот додадете ванилин шеќер и повторно промешајте.
  • Кнедлите ставете ги во кокосот и валкајте ги. Оставете ги добро да се оладат пред послужување.
  • Ако сакате, може врз нив да додадете чоколаден прелив, крем или домашен џем од јагоди.
recept-za-knedli-so-jagotki-ne-e-komplicirano-kako-sto-izgleda-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *