7 психолошки причини зошто некои личности ви изгледаат попривлечно од другите

Сметаме дека за вкусови не се дискутира, бидејќи она што е убаво за една личност, може да изгледа ужасно за некој друг.

osum-psiholoshki-prichini-zoshto-nekoi-lugje-vi-izgledaat-poprivlechno-01.jpg

Но според некои истражувања, понекогаш ова не е вистина. Изгледа дека иако секој си има различен вкус, потсвесно, повеќето луѓе имаат слични стандарди за убавина.

Кога ќе се земе ова предвид, психологијата може да ни открие зошто некои луѓе ни изгледаат попривлечно на прв поглед за разлика од другите.

Во продолжение можете да дознаете повеќе:

Зеници

Зениците реагираат на нашите емоции, па кога сме среќни, тие се пошироки.

Некои истражувања покажале дека луѓето со пошироки зеници ни изгледаат попривлечно, само затоа што потсвесно сметаме дека им се допаѓаме.

osum-psiholoshki-prichini-zoshto-nekoi-lugje-vi-izgledaat-poprivlechno-02.jpg

Сооднос на половина и колкови

Соодносот на ширината на колковите и половината одамна се гледа како стандард за убавина за жените.

Сега, и науката потврди дека за некои мажи, попривлечни се жените со пошироки колкови и помала половина.

osum-psiholoshki-prichini-zoshto-nekoi-lugje-vi-izgledaat-poprivlechno-03.jpg

Симетрија на лицето

Некои истражувања потврдиле дека симетричните лица ни изгледаат попривлечно, и тоа поради навистина чудна причина – на нашиот мозок му е полесно да ги перципира.

Истовремено, луѓето потсвесно го поврзуваат симетричното лице со „добри“ гени, а тоа ја прави личноста попривлечна.

osum-psiholoshki-prichini-zoshto-nekoi-lugje-vi-izgledaat-poprivlechno-04.jpg

Просечен изглед

Според едно истражување, повеќето луѓе преферираат просечен изглед. Не е точно познато која е причината за ова, но некои научници сметаат дека мозоците преферираат лица што ни се колку-толку познати.

osum-psiholoshki-prichini-zoshto-nekoi-lugje-vi-izgledaat-poprivlechno-05.jpg

Начин на исхрана

Изгледа дека и начинот на исхрана има влијание врз привлечноста.

Храната што ја јадеме има влијание врз мирисот на нашето тело. Па, наводно, за жените е попривлечен мирисот на маж кој неодамна јадел овошје и зеленчук, за разлика од маж кој најчесто јаде нездрава храна.

osum-psiholoshki-prichini-zoshto-nekoi-lugje-vi-izgledaat-poprivlechno-06.jpg

Глас

Според истражувањата, жените го поврзуваат длабокиот машки глас со зрелост, па затоа им е попривлечен.

osum-psiholoshki-prichini-zoshto-nekoi-lugje-vi-izgledaat-poprivlechno-07.jpg

Мирис

Како жените, и мажите потсвесно одредуваат дали некоја жена им е привлечна според нејзиниот мирис. Но, овојпат станува збор за мирисот „предизвикан“ од репродуктивните хормони.

Едно истражување покажало дека за мажите, жените се најпривлечни кога се во фаза на овулација, околу 15-тиот ден од менструалниот циклус. Ова има логика бидејќи кога е во овулација, жената е најплодна.

osum-psiholoshki-prichini-zoshto-nekoi-lugje-vi-izgledaat-poprivlechno-08.jpg

Сепак, овие „правила“ не важат за сите и се само резултат на неколку истражувања, кои најмногу се фокусираат на физичкиот изглед. Ова се карактеристики кои можеби имаат влијание врз првиот впечаток, но луѓето се комплексни суштества и за вистинска привлечност важни се и многу други фактори, како карактер, заеднички интереси и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *