Преживеан Македонец на Титаник, најквалитетен опиум – 10 интересни факти за Македонија

Колку добро си ја познаваме државата? Дали сте знаеле дека во Македонија може да се најде еден од најквалитетните рубини на светот? Дека на бродот Титаник имало преживеан Македонец?

10-interesni-fakti-za-makedonija-01.jpg

Прочитајте неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле до сега.

1. Единствено европско наоѓалиште на рубини се наоѓа во лежиштата на Доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

prezivean-makedonec-na-titanik-najkvaliteten-opium10-interesni-fakti-za-makedonija-02.jpg

2. Македонскиот рудник „Алшар“ на планината Кожуф е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален „рудник“ на еколошко чиста енергија. Од 2004-та година рудникот е евидентиран како споменик на природата.

prezivean-makedonec-na-titanik-najkvaliteten-opium10-interesni-fakti-za-makedonija-03.jpg

3. Македонија го има најквалитетниот опиум на светот со 14 морфиски единици. Вториот по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите – колумбискиот за пример е околу 3,5 морфиски единици.

prezivean-makedonec-na-titanik-najkvaliteten-opium10-interesni-fakti-za-makedonija-04.jpg

4. Се верува дека во темелите на манастирот „Св. Богородица Пречиста“ (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот „Св. Јован Бигорски“ како и во манастирот „Св. Ѓеоргиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.

prezivean-makedonec-na-titanik-najkvaliteten-opium10-interesni-fakti-za-makedonija-05.jpg

5. Во близина на Македонски Брод се наоѓа Пештерата Пешна. Оваа пештера го добила името по сестрата на Крале Марко – Пешна, за која многумина од нас и не слушнале. 

Oва ремек дело на природата со својата величествената големина, својата грандиозност и својата убавина ќе ве остави без здив. Оваа пештера од Македонија, во „Њујорк тајмс“ е опишана како идентична на измислените пештери во филмот „Господарот на прстените“.

prezivean-makedonec-na-titanik-najkvaliteten-opium10-interesni-fakti-za-makedonija-06.jpg

6. Најстаро дрво во Македонија е Платанус Ориенталис во Охрид или познато како Чинарот. Расте од времето на Св.Климент Охридски, IX век.

prezivean-makedonec-na-titanik-najkvaliteten-opium10-interesni-fakti-za-makedonija-07.jpg

7. Еден од преживеаните од Титаник бил Македонец. Стојко Додоловски или Стојко Каевиќ (род. 1896 во Чучер, Скопска Црна Гора) — единствениот Македонец кој го преживеал Титаник на 15 април 1912 година.

Билет едвај успел да купи во последен час и тоа од еден поп, кој иако го купил бил спречен да појде, па му го препродал на Додоловски.

prezivean-makedonec-na-titanik-najkvaliteten-opium10-interesni-fakti-za-makedonija-08.jpg

8. Првото словенско училиште, Охридското училиште е отворено во Македонија од страна на Свети Климент Охридски.

prezivean-makedonec-na-titanik-najkvaliteten-opium10-interesni-fakti-za-makedonija-11.jpg

9. Реката Вардар тече низ речиси 90 проценти од територијата на Македонија и тече низ речиси сите поголеми градови и Скопје. Таа се споменува дури и во Хомерската „Илијада“, а нејзиното грчко име е Аксиос.

prezivean-makedonec-na-titanik-najkvaliteten-opium10-interesni-fakti-za-makedonija-09 (1).jpg

10. 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години.

prezivean-makedonec-na-titanik-najkvaliteten-opium10-interesni-fakti-za-makedonija-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *