8 одлични предлози за брз и хранлив појадок

Велат дека појадокот е најважниот оброк во денот, но во реалноста, ретко кој има време да готви наутро.

osum-odlichni-predlozi-za-brz-i-zdrav-pojadok-01.jpg

За среќа, има начин да подготвите здрав и хранлив оброк за појадок, и тоа за многу кратко време.

Воглавно, наутро е најдобро да се внесуваат протеини, интегрални житарици, здрави масти и овошје или зеленчук. Комбинацијата од овие состојки ќе направи да се чувствувате сито, но и ќе му годи на вашиот организам.

Во продолжение погледнете осум предлози за брз и здрав појадок:

Интегрален леб со путер од бадеми или кикиритки, банана, чиа семе и цимет

osum-odlichni-predlozi-za-brz-i-zdrav-pojadok-02.jpg

Авокадо, запечен леб, пржено јајце, домати и овошен сок

osum-odlichni-predlozi-za-brz-i-zdrav-pojadok-03.jpg

Протеинско смути од млеко, овесни снегулки, банана, путер од кикиритки, чиа, како и малку јогурт

osum-odlichni-predlozi-za-brz-i-zdrav-pojadok-04.jpg

Овесна каша, овошје, мед, путер од кикиритки и цимет

osum-odlichni-predlozi-za-brz-i-zdrav-pojadok-05.jpg

Јогурт или павлака, гранола, овошје и малку мед

osum-odlichni-predlozi-za-brz-i-zdrav-pojadok-06.jpg

Ситно исечкајте и пропржете еден компир, додајте едно јајце и мешајте додека не се испржи. Сервирајте со леб, маслинки, домат, краставица и сирење – добар за оние кои појадуваат подоцна.

osum-odlichni-predlozi-za-brz-i-zdrav-pojadok-07.jpg

Ако ви останало пилешко од претходниот ден, направете сала со него и со марула, лук, домати, сирење и сончогледово семе. За прелив можете да користите маслиново масло, јаболков оцет, босилек и оригано – исто за оние кои јадат подоцна во работниот ден.

osum-odlichni-predlozi-za-brz-i-zdrav-pojadok-08.jpg

Урми полнети со путер од кикиритки и таан. Можете да додадете и малку сечкано чоколадо и прстофат морска сол

osum-odlichni-predlozi-za-brz-i-zdrav-pojadok-09.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *