„Посакувам да се воздржував од секс пред брак“ – Како Џастин и Хејли Бибер го минуваат времето во карантин? (фото)

26-годишниот пејач и неговата 23-годишна сопруга се на кампување во национален парк во Јута, и тоа со камп-приколка за која се верува дека чини над 1 милион долари.

posakuvam-da-se-vozdrzhuvav-od-seks-pred-brak-kako-dzhastin-i-hejli-biber-go-minuvaat-vremeto-vo-karantin-foto-01.jpg

Наводно, возилото е опремено со сè што ви е потребно за неколку денови кампување, но и со скара, подно греење, па дури и сауна.

kako-dzastin-biber-i-hejli-go-minuvaat-vremeto-vo-karantin-02.jpg
kako-dzastin-biber-i-hejli-go-minuvaat-vremeto-vo-karantin-03.jpg
kako-dzastin-biber-i-hejli-go-minuvaat-vremeto-vo-karantin-04.jpg

Младиот пар помина неколку недели во изолација во Канада, а на крајот на минатиот месец се вратија во Лос Анџелес. Во саботата, пак, Џастин и Хејли беа забележани како се разладуваат во езеро, во близина на нивниот камп.

kako-dzastin-biber-i-hejli-go-minuvaat-vremeto-vo-karantin-05.jpg
kako-dzastin-biber-i-hejli-go-minuvaat-vremeto-vo-karantin-06.jpg

Јута е позната по езерата, потоците и реките, а парот успеал да го најде совршеното место за релаксација. Младата Хејли го покажа неверојатното тело во зелено бикини, а пејачот носеше шорцови со тропски принт.

kako-dzastin-biber-i-hejli-go-minuvaat-vremeto-vo-karantin-07.jpg
kako-dzastin-biber-i-hejli-go-minuvaat-vremeto-vo-karantin-08.jpg

Парот изгледа посреќно од кога било, а пред некоја недела Хејли ги израдува фановите со приказната за нивниот прв бакнеж. Наводно, тој период Хејли уште живеела со родителите, кои не ѝ дозволувале сама да излегува со Џастин. Тогаш, нејзината постара сестра ги излажала дека Хејли ќе биде кај неа, и таа можела да се види со младиот пејач.

Првиот состанок на парот бил во Њујорк, и прво биле на вечера, а потоа на кино.

„Се дружевме па отидовме да гледаме филм и се бакнавме“, изјави Хејли.

kako-dzastin-biber-i-hejli-go-minuvaat-vremeto-vo-karantin-09.jpg

Кон средината на мај, пејачот изјави дека посакува да се воздржувал од секс пред бракот со Хејли.

„Сексот може да биде збунувачки кога сте сексуално активни со кој било“, изјави пејачот.

kako-dzastin-biber-i-hejli-go-minuvaat-vremeto-vo-karantin-10.jpg

Џастин има изјавено и дека имал сериозен проблем со сексот, до тој степен што си поставил забрана за секс пред да се зближи со Хејли. Според него, сексот може да биде заслепувачки и да пречи во донесувањето одлуки.

„Мислам дека врската со Хејли стана сериозна кога престанав да имам секс, бидејќи нештата ми станаа многу појасни. Можев да ги поставам темелите со неа, да ја изградам таа доверба. Таа ме сфати сериозно и знаев дека ако не го правам тоа со неа, нема да го правам со никој друг“, објасни Џастин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *