Кога не може да одите на плажа, донесете ја во двор – песочни базени се новиот хит (фото)

Бидејќи летово ретко кој ќе има можност да оди на плажа, не е ни чудно што „песочните“ базени им го привлекуваат вниманието на сите.

pesochni-bazeni-odlichen-dizajn-so-koj-kje-ja-donesete-plazhata-vo-vashiot-dvor-01.jpg

Овие базени ги прослави шпанската компанија Piscinas de Arena NaturSand, а се направени на тој начин што изгледаат како мала плажа во вашиот двор.

Како што велат од компанијата, тие можат да ви направат опкружување слично како на природна плажа, а кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе се убедите во нивните зборови.

pesochni-bazeni-odlichen-dizajn-so-koj-kje-ja-donesete-plazhata-vo-vashiot-dvor-02.jpg

Компанијата ги изработува базените со посебна мешавина од бетон, која ја прекриваат со песок. Уште подобро е и што овие базени не се лизгаат, а најчесто изградбата трае помалку од еден месец.

Едниот дел од базените е многу плиток, исто како на плажа, па нема потреба од никакви скали.

pesochni-bazeni-odlichen-dizajn-so-koj-kje-ja-donesete-plazhata-vo-vashiot-dvor-03.jpg
pesochni-bazeni-odlichen-dizajn-so-koj-kje-ja-donesete-plazhata-vo-vashiot-dvor-04.jpg

Базените можат да имаат разни форми и различна длабочина, а иако компанијата е сместена во Шпанија, веќе нудат реновирање и конструкција на базени ширум целиот свет.

pesochni-bazeni-odlichen-dizajn-so-koj-kje-ja-donesete-plazhata-vo-vashiot-dvor-05.jpg

Би сакале ли ваков базен во вашиот двор?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *