Се вљубуваат, сакаат телевизија – Интересни факти за кучињата

Не залудно велат дека кучињата се нашите најдобри пријатели. Овие животни навистина знаат како да ви покажат дека ве сакаат, а кога сте тажни не само што го чувствуваат тоа, туку и ќе се обидат да ве расположат.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-01.jpg

Кучињата се способни за многу нешта, а за дел од нив сигурно не знаете, дури и ако долго време чувате куче.

Па, погледнете кои се неверојатните работи што можат да ги прават кучињата:

Нивната урина е корозивна за метали

Знаевте ли дека киселините во урината на кучињата се толку силни, што таа е корозивна за метали?

Во Сан Диего дури имало и случај каде што се срушила улично светло бидејќи многу кучиња уринирале на неа.

Одличен ноќен вид

Постои мит дека кучињата гледаат само црно и бело. Но, и овие животни можат да гледаат бои. Очите на кучињата ги перципираат сината и жолтата, но не и црвената и зелената боја.

Сепак, тие имаат подобар ноќен вид од нас.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-02.jpg

Мустаќите им се како антени

Мустаќите на кучињата имаат многу важна улога – тие им помагаат подобро да ја перципираат околината околу нив. Со помош на мустаќите, кучињата можат да добијат информации за големината, формата и брзината на работите околу нив.

Бидејќи нивниот вид не е добар колку човечкиот, мустаќите имаат голема улога во нивната ориентација.

Неверојатно сетило за мирис

Сетилото за мирис на кучињата е илјадници пати посилно од она на луѓето.

Некои истражувања покажале и дека кучињата можат да намирисаат болести како рак на кожата. Се верува дека причината е различниот метаболистички процес на клетките на рак, поради кој испуштаат одреден мирис.

Овој мирис е премногу слаб за нашите носеви, но не и за кучињата.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-03.jpg

Можат да почувствуваат земјотрес

Иако уште нема научни докази за ова, постојат многу ситуации што го потврдуваат верувањето. Многу луѓе имаат изјавено дека неколку часови пред земјотрес, нивните кучиња се однесувале чудно.

Сеизмолозите сметаат дека причината за ова се вибрациите што настануваат пред земјотресот кои кучињата, за разлика од луѓето, можат да ги почувствуваат.

Можат да намирисаат страв

Можеби досега сте слушнале дека кучињата можат да почувствуваат ако се плашите од нив.

Наводно, тие го забележуваат стравот од разни фактори, но најмногу од мирисот на потта. Интересно е што неретко, во тие моменти кучињата покажуваат сочувство.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-04.jpg

Одличен вокабулар

Кучињата можеби не можат да зборуваат, но тие можат да разликуваат над 150 зборови.

Можеби кучето нема да го сфати точното значење на зборот, но може да ја препознае интонацијата и конотацијата.

И тие се вљубуваат

Замислете, и кучињата можат да се вљубат.

Според истражување направено во Токио, мозокот на кучињата испушта окситоцин – таканаречениот хормон на љубовта.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-05.jpg

Можат да го предвидат и времето

И за ова нема никаков научен доказ, но се верува дека кучињата можат да предвидат ако доаѓа бура.

Бидејќи во воздухот има електрицитет уште пред да почне бурата, а кучињата се хиперсензитивни, веројатно можат да ја почувствуваат неколку часа однапред.

Сакаат да гледаат телевизија

Можеби кучето нема да може да им се восхитува на боите на вашиот нов телевизор, но дефинитивно може да препознае друго куче на него.

Денес дури постојат телевизиски програми и реклами наменети за кучиња.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-06.jpg

Не можете да ги излажете лесно

Можеби ќе успеете еднаш или двапати, но кучињата можат да почувствуваат кога некој сака да ги измами.

Во едно истражување направено во Јапонија, неколку луѓе ги лажеле кучињата дека во празна чинија има храна. После втората лага, кучињата повеќе не покажувале интерес за чинијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *