14 знаци дека сте млад човек со „стара душа“

14-znaci-deka-ste-mlad-chovek-so-stara-dusha-01.jpg

Дали сте млад човек со „стара душа“?

Ќе се препознаете ли?

– Не се состанувате со никој, затоа што не ви се допаѓаат врсниците, не се созреани за вас.

– Анксиозни сте не затоа што сте исклучени од реалноста, туку затоа што свесноста ви е на високо ниво, премногу ги промислувате работите и се ставате во туѓа кожа.

– Постојано сте задевани дека не ви се допаѓаат премногу интензивни работи, па врсниците ви велат дека сте од минатиот век.

– Седите дома, додека сите други се на некоја луда забава.

– Нетрпеливо чекате да станете возрасна личност за да го правите тоа што возрасните го прават.

– Срцето ви го скршија многу рано, затоа што додека сите сакаа авантури вие мислевте дека пронајдовте љубов за цел живот.

– Чувствувате како да не сте направени за светот во кој живеете.

– Постојано сте загрижени, за сѐ и за секого.

– Затворени сте не затоа што сте студена личност, туку затоа што сте пречувствителни.

– Секогаш имате одговор за работите и негувате идеали кои не се сфатливи за луѓето на ваша возраст.

– Мразите преголеми гужви, прегласни разговори и драматични ликови.

– Минувате низ многу емоционални трауми на млада возраст, губење пријатели, тешка семејна ситуација…

– Вашата мајка/баба ви е најдобар пријател и глас на мудроста.

– Луѓето постојано ви велат дека сѐ сфаќате пресериозно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *