5 намирници кои имаат ефект на ботокс

Речиси секој сонува за убава, блескава и младешка кожа на лицето без оглед на годините. Бидејќи токму кожата на лицето и вратот може ненамерно да ја откријат годината на раѓање во вашата лична карта.

5-namirnici-efekt-na-botoks-01.jpg

Сепак, добри вести за сите оние кои не сакаат никакви корективни интервенции – кожата може да изгледа прекрасно со неколку природни намирници кои имаат ефект на ботокс:

Целер за хидратација на кожата

Кожата ќе ви биде благодарна доколку во исхраната вклучите целер. Целерот содржи многу витамини, вклучувајќи А, Ц и К, како и калиум.

Со оглед на тоа што калиумот ги ублажува негативните ефекти на солта и помага во регулирањето на нивоата на течности во организмот, ќе го спречи сушењето на кожата. Колку кожата е повеќе хидрирана, толку помалку ситни брчки околу очите и во пределот околу усните.

5-namirnici-efekt-na-botoks (1).jpg

Ореви за мека кожа

Оревите содржат важни омега-3 масни киселини и на тој начин го поттикнуваат производството на природни масла во кожата.

Бадемите станаа дел од здравиот тренд на исхрана, но всушност оревите се тие што се богати со масти и потребни на вашата кожа со цел истата да остане мека, хидрирана и цврста.

5-namirnici-efekt-na-botoks (2).jpg

Куркума за ублажување на оштетувања од сонцето

Билката која спаѓа во една од најздравите на планетата содржи многу антиоксиданти. Поради тоа спречува појава на темни дамки на кожата како дел од хиперпигментацијата кои се појавиле како резултат на претерана изложеност на сончевите зраци.

Куркумата може да ја вклучите во секое јадење, а особено е вкусна со месо и јајца.

5-namirnici-efekt-na-botoks (3).jpg

Овесна каша која го штити колагенот

Овесот има низок гликемиски индекс што значи дека полека ќе го крене нивото на шеќер во организмот и ќе го стабилизира, наместо нагло да го покачува.

Наглите скокови на шеќерот во крвта може да предизвикаат воспалителни процеси, а тие го уништуваат колагенот. Кожата со текот на времето ја губи еластичноста и се јавуваат првите брчки. Секако, не можете да ги спречите во целост, но овој процес може да се ублажи и забави со помош на редовно консумирање на овесна каша.

5-namirnici-efekt-na-botoks (4).jpg

Кокосово масло кое ги намалува брчките

Кокосовото масло содржи многу витамин Е и помага во борбата против слободните радикали. Кога ќе се нанесе на кожата пак помага во спречување на брчките. Подеднакво корисно е доколку директно го нанесете во мала количина врз лицето пред спиење и доколку го вклучите во исхраната.

5-namirnici-efekt-na-botoks (5).jpg

Доматот е исто така една од намирниците кои прават природен „лифтинг“ на лицето, богат со ликопен, кој ја штити кожата од штетните УВ-зраци.

Компирот ја прави кожата помага благодарение на бета каротенот кој се претвора во витамин А.

Лимонот поради високата количина на витамин Ц го поттикнува производството на колаген, а кељот богат со витамин К ја спречува појавата на темни кругови околу очите.

Боровинките содржат многу антиоксиданти кои го спречуваат производството на слободните радикали, едни од најголемите виновници за појавата на брчките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *