7 причини зошто да престанете да спиете со мокра коса + како да ја исушите побрзо

Не постои личност кој барем еднаш не си легнала со мокра коса. И ова е сосем разбирливо – доцна е, треба да станете рано и, едноставно, немате ни време ни енергија да ја сушите косата.

zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-01.jpg

Но кога ќе дознаете што сè се случува и кои се потенцијалните опасности од спиењето со мокра коса, сигурно ќе ја промените оваа навика.

Погледнете зошто треба да престанете да спиете со мокра коса:

Иритација на скалпот

Дали ви се случило да почне да ве чеша главата без навидум никаква причина? Обично кога се случува ова, луѓето го обвинуваат шампонот и другите продукти за коса, но оваа иритација може да биде последица и од спиењето со мокра коса.

Кога спиете со мокра коса, на вашата глава се создава совршена околина за развој на секакви бактерии кои го иритираат скалпот и создаваат првут.

7-prichini-zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-02.jpg

Потешко расчешлување

Мократа коса е многу покршлива, а кога ќе си легнете без да ја исушите, следното утро чешлањето не само што ќе ви одземе време, туку и ќе ја оштети вашата коса.

7-prichini-zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-03.jpg

Главоболки

Фризерите и експертите тврдат дека спиењето со мокра коса може да биде причина за главоболки. Наводно, мократа коса ќе ја намали температурата на вашето тело, особено во пределот на главата.

Кога телото ќе се обиде да ја зголеми температурата, ќе се зголеми и дотокот на крв во главата, а тоа ќе ви предизвика главоболка.

7-prichini-zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-04.jpg

Заплеткување

Можеби спиењето со мокра коса нема да предизвика сериозни здравствени проблеми, но дефинитивно ќе има влијание врз вашиот изглед.

Спиењето со мокра коса не само што ќе го отежни чешлањето, туку може до толку да ја заплетка вашата коса, што ќе останете со „топчиња“ влакна.

7-prichini-zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-05.jpg

Помал волумен

Бидејќи во текот на ноќта косата ќе ви биде мокра и залепена за главата, следното утро ќе немате никаков волумен.

Истовремено, во текот на спиењето сигурно ќе ја прекршите косата и таа ќе си ја задржи чудната форма и следниот ден.

7-prichini-zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-06.jpg

Испукани врвови

Знаевте ли дека спиењетосо мокра коса е една од почестите причини за испукани врвови?

Мократа коса е многу покршлива, па додека се превртувате во сонот, постои голема опасност да ги оштетите влакната.

7-prichini-zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-07.jpg

Иритација на кожата на вратот и лицето

Кога спиете со мокра коса, не страда само кожата на главата.

Кога се превртувате во текот на ноќта, косата се лепи и на вашето лице и вашиот врат. Влагата и температурата на вашето тело создаваат погодна околина за бактерии, па лесно може да дојде до секакви иритации.

7-prichini-zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-08.jpg

Како побрзо да ја исушите косата?

Сега кога ве убедивме да престанете да спиете мокра коса, сигурно се прашувате како можете да ја исушите најбрзо.

1. Нанесете кондиционер за коса. Овие продукти колку-толку го намалуваат впивањето вода во косата, но и ќе ја направат многу помека.

2. Завиткајте ја косата во крпа. Крпата ќе впие голем дел од водата што останала на косата, само внимавајте да не ја стегате премногу.

3. Истресете ја косата. Откако ќе ја извадите крпата, „истресете“ ја косата со вашите раце.

4. Фокусирајте се на корените. Можеби сте забележале дека најбрзо се сушат врвовите на косата, па обрнете им внимание на корените. Неколкупати поминете со прстите низ корените на косата за да го олесните сушењето.

5. Исчешлајте ја косата. Иако не е препорачливо да ја чешлате косата дури е влажна, ако сте во брзање, нема да направите голема штета. Воздухот полесно ќе минува низ исчешлана коса, а со тоа и сушењето ќе трае пократко.

6. Не заборавајте да нанесете средство за заштита од топлина пред да ја исушите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *