Долно Дупени – совршен, мал рај за вашиот летен одмор

Рецепт за совршен одмор во рамките на нашата земја? Технологијата и проблемите ги оставате дома, едноставно заборавате на нив, и се упатувате кон Ресен.

Dolno-Dupeni-sovrshen-mal-raj-01.jpg

На само 34 km од градот, во непосредна близина на тромеѓето со Грција и Албанија, на самата југоисточна граница на Преспанското Езеро ќе ве дочека селото Долно Дупени.

Сместено во подножјето на Баба Планина, Долно Дупени е вистински рај за оние коишто ги обожаваат македонските природни убавини и сакаат да избегаат подалеку од градскиот метеж.

Додека се движите кон Долно Дупени, по тесниот, асфалтиран пат, ќе го почувствувате опојниот мирис на преспанската јаболка.

Долно Дупени со својата најпозната плажа „Дупени бич“ дефинитивно нема да ве разочара. Сончевина, синило, чист воздух и многу природа – кој би можел да одолее на оваа убавина?

View this post on Instagram

#jorgovan #dupeni #dolnodupeni #prespa

A post shared by Dolno Dupeni (@dolno_dupeni) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *