Пет знаци дека нешто не е во ред со вашиот сексуален живот

Од некоја причина, многу парови се срамат да разговараат за секс, дури и ако се заедно со години. Поради ова, пак, тие молчат и кога нешто не им се допаѓа.

5-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashiot-seksualen-zhivot-01.jpg

Нормално е во врската да се појават и проблеми со сексот, но важно е отворено да разговарате за нив или да најдете начин индиректно да ги решите.

Во продолжение погледнете кои се знаците дека нешто не е во ред со вашиот сексуален живот и дека е време за разговор:

Никогаш не доживувате оргазам

Вашиот партнер не е единствениот кој треба да го достигне врвот за време на секс. Затоа, ако никогаш не доживувате оргазам, разговарајте со партнерот.

Кажете му што ве возбудува, како сакате да ве допира, кои се вашите желби и фантазии… Дури и ако самите не знаете како најлесно да го стигнете врвот, бидете отворени и ќе откриете заедно со партнерот.

На крај, и тој ќе ужива многу повеќе ако забележи дека и вие вистински уживате.

Здодевно ви е бидејќи сексот е предвидлив

Само затоа што сте со една личност долго време, не значи дека сексот секојпат треба да изгледа исто. Има безброј секс пози што можете да ги пробате, а некогаш доволно е само да ја промените локацијата.

Ако сте подолго време заедно, не треба да ви е проблем да зборувате и за вашите сексуални фантазии, па обидете се да реализирате нешто што ви се допаѓа и на двајцата.

Дури и најмалата промена во сексот ќе ви направи голема разлика.

5-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashiot-seksualen-zhivot-03.jpg

Страв ви е да зборувате за вашите грижи

Ако можете да имате секс со партнерот, треба да можете и да разговарате на таа тема. Ако нешто не ви се допаѓа, кажете му. Ако сакате да пробате нешто ново, повторно кажете му.

Важно е и двајцата да бидете искрени бидејќи колку сте поотворени, толку подобар ќе биде сексот.

Имате секс сè поретко

Важно е да имате на ум дека секоја врска е различна – некои парови почесто имаат секс, некои поретко. Без разлика колку често имате секс, важно е и двајцата да бидете среќни.

Ако сте забележале дека одеднаш сè помалку водите љубов, можеби постои некој проблем. Но, наместо сами да донесувате заклучоци, разговарајте со партнерот за тоа и најдете решение.

5-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashiot-seksualen-zhivot-02.jpg

Не ви се допаѓа однесувањето на партнерот за време на секс

Партнерот не треба да ве тера да правите работи што ви се непријатни. Важи и обратното.

Тој не треба да ве споредува со неговите бивши и не е добро ако го критикува вашето тело. Воглавно, партнерот не треба да прави да се чувствувате несигурно во спалната соба.

Ако не ви се допаѓа однесувањето на партнерот за време на секс, разговарајте за тоа. Ако не забележите промена и ако продолжите да се чувствувате лошо за време на секс, можеби тоа не е вистинската личност за вас. Оној кој не го почитува вашето тело, не го ни заслужува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *