Зошто треба сите да ставиме по една ќесичка чај во фрижидерот?

Сигурни сме дека некогаш во фрижидерот имате намирници и храна која има специфичен мирис – готвени работи со кромид и лук, маринирано месо и сл., а не би сакале останатата храна да ги „поприми“ овие мириси.

zosto-treba-site-da-stavite-po-edna-kesicka-caj-vo-friziderot-01.jpg

Постои едноставен трик како: со користени ќесички чај.

Сварете го чајот, почекајте ќесичката да се олади, ставете ја во едно чинивче и поставете ја во централниот дел на фрижидерот. Ќесичката со чај ги впива непријатните мириси, но сепак, пред да ја ставите во фрижидер, храната ставете ја во затворени тенџериња или пластични кутии.

zosto-treba-site-da-stavite-po-edna-kesicka-caj-vo-friziderot-02.jpg

Можете на секоја полица во фрижидерот да ставите по една ќесичка чај.

Исто така, на овој начин може да ги неутрализирате мирисите и во кантата за отпадоци или кутиите со песок за мачки– поставете ја на дното.

Лесно, а ефикасно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *