Омажена и среќна: Како изгледа денес највлакнестото девојче на светот кое сите го исмеваа? (фото)

Супатра Сасуфан е девојка од Тајланд која во 2010-та година беше прогласена за највлакнеста жена на светот според Гинисовата книга на рекорди.

kako-izgleda-denes-najvlaknestoto-devojce-na-svetot-foto-01.jpg

Денес таа има 20 години. Иако, низ животот била мета на многу злобни луѓе кои често и давале грди и навредливи прекари, нејзиниот сопруг ја има прифатено онаква каква што е.

kako-izgleda-denes-najvlaknestoto-devojce-na-svetot-foto03.jpg

Кога се родила, Супатра морала да помине низ две операции за да ѝ се олесни дишењето. Таа е родена со Амбрас синдром, ретка болест на кожата која предизвикува брз и постојан раст на влакна на кожата , со исклучок на стапалата и дланките. Оваа ретка состојба бележи околу 50 случаи во светот.

kako-izgleda-denes-najvlaknestoto-devojce-na-svetot-foto06.jpg

Иако, поинаква од останатите, таа се трудела постојано да се вклопи во околината, многу сака математика и посакува да стане социјален работник и да помага на секому што има потреба. 

„Моите родители ме растеа како нормално дете. Никогаш не се срамеле од мене и ме носеа секаде.“

kako-izgleda-denes-najvlaknestoto-devojce-na-svetot-foto01.jpeg

Супатра се труди да ги отстранува сите влакна од телото постојано, но сопругот изјавил дека ја сака и влакнеста.  

„Ако можевме да бираме како би изгледале, никој не би посакал да се роди со мојата состојба. Но, јас се трудам моите слабости да ги претворам во силни страни“.

kako-izgleda-denes-najvlaknestoto-devojce-na-svetot-foto01_1.jpg

Таа е вистинска инспирација за сите во нејзината околина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *