Ја изневерил со 2 жени во ист викенд: Нови мрачни тајни за бракот на Доналд и Меланија Трамп

Меланија го уценувала Доналд околу предбрачниот договор, па затоа го одложувала селењето во Белата куќа и уште десетина факти за бракот на славниот пар.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-01.jpg

Во книгата „The Art of Her Deal: The Untold Story of Melania Trump“ се откриваат многу детали од приватноста на првата дама на САД.

Новинарката Мери Џордан, која ја напиша биографијата на Меланија, открива дека Меланија, и покрај сè, го бранела Доналд пред пријателите. Додека тие заклучиле дека Доналд најверојатно има мала машкост, бидејќи има мали дланки, таа застанала на негова страна велејќи им дека тој е вистински маж.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-02.jpg

Во книгата се открива дека Меланија го учела Трамп трикови за позирање за да изгледа подобро на фотографиите.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-12.jpg

Најтешко ѝ било кога во медиумите кружеле обвинувањата за наводната афера на Трамп со порно актерката Сторми Даниелс и во текот на изборите во 2016 година во еден миг таа дури избегала во хотел за да се тргне малку настрана од него.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-07.jpg

Меланија уште пред да стапи во брак знаела за неговата репутација на женкар, но дури по раѓањето на Барон ситуацијата станала многу чудна. Додека таа на една забава во Плебој вилата само сакала да зборува за својот син, Доналд сакал да флертува и да се слика со разни жени.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-17.jpg

Но, вистинската драма на Меланија започнала околу изборите кога дузина жени го обвиниле за несоодветно сексуално однесување. Две жени, од кои едната е Сторми Даниелс, тврделе дека имале секс со него во текот на истиот викенд во јули 2006 година на голф турнир во Невада. Барон бил роден само 3 месеци претходно. Сега, тој има 14 години.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-15.jpg

Во книгата се говори и дека Меланија е многу повлијателна од што луѓето мислат.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-10.jpg

Се открива дека Доналд и Меланија водат паралелни животи и спијат во различни спални, Трамп бил вљубеник во темни ѕидови и килими, а Меланија во светли. Исто така, тој станувал во 5 часот наутро и веднаш го вклучувал телевизорот, додека таа спиела до подоцна.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-13.jpg

Еден поранешен член од нивниот персонал вели: „Никогаш не ги видов да седат заедно како нормално семејство и да вечераат. Го минуваат времето на исто место, но помеѓу нив нема интеракција.“ Жената што работела за нив додава дека најтешка обврска ѝ била да ги чисти флеките од спрејот за потемнување на Меланија, кој таа редовно го користела.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-19.jpg

Една од ретките работи што парот сакал да ги прави заедно е гледањето на филмот „Gone With the Wind“ за релаксација.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-05.jpg

Инаку, една од најнепријатните сцени во текот на нивниот брак била кога Доналд ја замолил Меланија да се сврти за новинарот да види колку таа изгледа добро одзади и со тоа направил сцена како да е фармер кој ја покажува својата најдобра крава.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-04.jpg

Во книгата стои и информацијата дека Меланија го одложувала селењето во Белата куќа за да може да преговара со Трамп околу промена на нивниот предбрачен договор.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-20.jpg

Планот бил да обезбеди Барон да биде финансиски згрижен, како и другите деца на Трамп, и изгледа успеала во тоа.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-21.jpg

Тензиите помеѓу ќерката на Трамп, Иванка, и Меланија постојат уште откако Меланија ја нарече Иванка „принцезата“, а пак Иванка неа „портретот“.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-06.jpg

Но, заклучокот е дека Меланија е многу покомплексна од што изгледа и многу послична на Доналд од што изгледа.

ja-izneveril-so-2-zheni-ist-vikend-otkrieni-novi-mrachni-tajni-za-donald-i-melanija-tramp-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *