6 знаци дека имате токсична свекрва од која треба да се штитите

Може да го најдете мажот на вашиот живот, да имате прекрасни односи и живот, но ако свекрвата не се погоди, животот баш и нема да ви биде толку совршен.

6-znaci-deka-imate-tosichna-svekrva-od-koja-treba-da-se-shtitite-01.jpg

Многумина велат дека е среќа да ти се погоди свекрвата, но мора да признаеме дека е и малку претерано кога се зборува дека сите се лоши.

Сепак, постојат неколку знаци по кои може да познаете дали вашата свекрва е токсична и ако препознаете повеќе од нив – време е да преземете нешто.

Или, ако сте свекрва, проверете дали сте во онаа група која никој не ја посакува.

Знаци на токсична свекрва – аларм да преземете нешто:

Никогаш не признава дека погрешила

Таа никогаш нема да ви признае дека погрешила за нешто, дури и ако претходно го тврдела со сигурност. Уште помалку ќе се извини за тоа.

Нема граници

Токсичните свекрви често немаат почит за вашиот живот. Не знаат кога да се тргнат настрана и да престанат да се мешаат во вашите одлуки, независно дали е тоа свадба, спална соба, имиња на детето или кариера.

Никогаш не пропушта прилика да ви каже дека не сте добри за нејзиниот син

Негативни коментари за вашиот изглед, за вашите животни избори, за вашата работа или семејство, се сосема нормална работа за неа, бидејќи никогаш нема да бидете совршени за нејзиниот брилијантен син.

Го контролира вашиот родителски пристап

Во ред е да ви помогне и да ви даде совет како искусна, но ако се однесува како вие да сте бебето и ви го контролира секој чекор, мешајќи се во вашите избори за воспитување, веќе е проблем, а тоа ќе мора да го разграничите уште на почеток.

Пред други се однесува сосема поразлично

Кога сте сами пред вас е една личност, но кога е со други, таа е шармантна, фина, па дури можеби и ќе се однесува како да сте ѝ омилена.

Го контролира вашиот партнер

Во ред е како мајка да се грижи за него, но тој е веќе возрасен и има свој живот и семејство – нема потреба да го контролира секој негов чекор и одлука.

Не е воопшто лесно да се справите со ваква личност, но не смее да си дозволите да паднете на нејзино ниво. Секогаш треба да ги почитувате родителите на партнерот, но важно е навреме да ги поставите границите. Не смее да дозволите никој да ги премине истите, па дури ниту мајката на партнерот. Застанете на иста страна со партнерот и однапред договорете се околу некои работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *