Го „разведе“ најбогатиот човек – Факти за Лорен Санчез, девојката на Џеф Безос

Лорен Санчез не е само девојка на најбогатиот човек во светот. Оваа 50-годишна жена можеби има скромно потекло, но има листа со достигнувања и успеси на која би позавидел секој.

uspeshna-voditelka-pilot-koja-e-loren-sanchez-devojkata-na-jeff-bezos-01.jpg

Лорен и Џеф Безос се заедно откако милијардерот се раздели со сопругата Мекензи Безос минатата година. Некој период имаше гласини и дека можеби се верени, но парот нема потврдено ништо.

Во продолжение дознајте нешто повеќе за оваа жена:

Има долга кариера како водител и новинар

Лорен ја започнала водителската кариера како практикант во една станица во Лос Анџелес. Тој период таа учела и на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Лорен била спикер на неколку канали за вести, вклучувајќи и некои од најпознатите во САД.

uspeshna-voditelka-pilot-koja-e-loren-sanchez-devojkata-na-jeff-bezos-02.jpg

Таа е лиценциран пилот

Лорен има дозвола за летање хеликоптер и авион. Според изворите, таа научила да лета додека работела како спикер. Прво научила да лета авион, во 2011-та, а дозволата за хеликоптер ја добила малку подоцна, во 2016-та.

Наводно, нејзиниот интерес за авијација се родил уште од многу рана возраст – татко ѝ бил инструктор по летање.

„Секогаш бев околу авиони додека растев, но тогаш не знаев ништо за летањето“, има изјавено таа.

uspeshna-voditelka-pilot-koja-e-loren-sanchez-devojkata-na-jeff-bezos-03.jpg

Има нејзина компанија за „воздушно“ снимање

Во 2016-та, Лорен ја основала Black Ops Aviation. Ова е компанија со која управуваат само жени, и која изработува видеа снимени од воздух. Досега компанијата има снимено материјал за Amazon, Netflix, Fox и многу други.

Благодарение на искуството со правење вакви видеа, режисерот Кристофер Нолан се консултирал со неа за филмот „Dunkirk“.

uspeshna-voditelka-pilot-koja-e-loren-sanchez-devojkata-na-jeff-bezos-04.jpg

Мала актерска кариера

Покрај тоа што е спикер во приватниот живот, Лорен се има појавено како спикер и во неколку филмови. „Fight Club“, „The Day After Tomorrow“ и „The Fantastic Four“ се само дел од нив.

uspeshna-voditelka-pilot-koja-e-loren-sanchez-devojkata-na-jeff-bezos-05.jpg

Била водителка на реално шоу

Лорен била водителка на реалното шоу за танцување „So You Think You Can Dance“. Но, по завршувањето на првата сезона се откажала од оваа работа за да го роди второто дете.

uspeshna-voditelka-pilot-koja-e-loren-sanchez-devojkata-na-jeff-bezos-06.jpg

И таа има развод зад себе

Лорен беше во брак со холивудскиот агент Патрик Вајтсел, кој соработува со ѕвезди како Мет Дејмон, Кристијан Бејл и Хју Џекмен.

Парот се венчаше во 2005-та, а се разделија набрзо откако почнаа гласините за врската на Џеф и Лорен.

uspeshna-voditelka-pilot-koja-e-loren-sanchez-devojkata-na-jeff-bezos-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *