Најпознатиот филмски мост во Македонија во Зовиќ, село во мариовско, како од бајките (фото)

Селото Зовиќ е лоцирано во средишниот дел на областа Мариово. Му припаѓа на Општината Новаци, сместено на една карпеста зарамнетост веднаш над самиот лев брег на Градешка Река.

Zovikj-najpoznatiot-filmski-most-01.jpg

Зовиќ се простира на надморска височина од 725 метри (според надморската височина Зовиќ е ридско село) помеѓу два ридски гребени на југ и север, на чиј врв е изградена малата црквичка Свети Атанасиј, во подножјето на висорамнината Добро Поле.

Камениот лачен мост кој ја премостува Градешка Река во непосредна близина на Зовиќ се смета за едно од најубавите архитектонски зданија во мариовскиот Крај. Овој мост го инспирирал и најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски тука да сними делови од филмот „Прашина“. Токму поради тоа се нарекува уште и Филмски мост.

Нашата Македонија крие неверојатни убавини, нели?

View this post on Instagram

Sometimes, nature is all you need.🏞

A post shared by Софија Мулаева (@sofijamulaeva) on

View this post on Instagram

cheers

A post shared by Ivana Nikoloska (@ivana.nikoloska) on

View this post on Instagram

Zovic

A post shared by Elena (@elenamusulanova) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *