6-годишно момче од Иран е најатлетското дете на светот (фото+видео)

Има извајани стомачни мускули, неверојатен талент за спорт и 4 милиони следбеници на Инстаграм.

6-godishno-iransko-momche-e-najatletskoto-dete-na-svetot-foto-video-01.jpg

Арат Хосеини има само 6 години, а со своите гимнастичарски способности и извајани стомачни мускули го привлече вниманието на луѓето од целиот свет.

На својот Инстаграм профил тој има повеќе од 4 милиони следбеници, а уште на 2-годишна возраст беше ѕвезда во медиумите.

Ова мало момче обожава фудбал и има низа спортски таленти кои ги прикажува на видеата што ги снима.

Арат е роден во Иран, но од 2019 година со семејството живее во Англија.

За негување на неговиот спортски дух е заслужен неговиот татко, кој почнал да го тренира уште кога бил 9-месечно бебе.

Фотки и видеа од најатлетското дете на светот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *