6 причини заради кои сопругот им станува одбивен на жените

Мразење е тежок збор, но со сигурност кај некои жени се губи магијата и љубовта кон сопругот со текот на времето и тој им станува одбивен – но кои се причините за ова?

6-prichini-zaradi-koi-soprugot-im-stanuva-odbiven-na-zhenite-01.jpg

Иако не е правило, луѓето во брак се менуваат, па грешките на мажите може да предизвикаат одбивност кај жените кон нив.

Секако дека нивниот гнев не се раѓа преку ноќ, туку заради работи кои тлеат подолг период, а биле игнорирани за доброто на бракот.

Кога зборуваат за брачните проблеми, жените ги нагласуваат овие 6 причини за одбивност кон сопругот:

Почнува постојано да се жали и да бара „дежурен“ одговорен

„Земи ги ти денес децата. Ја плати сметката нели? Кога ќе завршиш со чистење, гледам филм?“

Кога сопругот ќе почне да ви ги префрла сите обврски, да се жали и да брои кој повеќе направил, сосема е нормално да ви се создаде одбивност, а жените тоа го наведуваат како чест проблем заради кој почнуваат да добиваат одбивност.

Ве омаловажува

Една од најлошите работи која мажот може да ја направи е да се однесува надмено со вас и да ве омаловажува за секакви теми. Бидете особено внимателни доколку почнете да го забележувате тоа.

Не обрнува внимание

Кога веќе предолго време жените не добиваат внимание, мажот не забележува ништо кај нив, посебно не нешто позитивно, а истовремено и ве игнорира и не слуша што му зборувате – настанува проблем.

Флертува со други жени

Не може да се воздржи од флертување со други жени, независно дали тоа е допишување, флертување со колешки од работа или пријателки на нивните пријатели. Проблемот е очигледен…

Изневерува

Иако некои жени се подготвени да поминат преку ова, повеќето не можат да го простат и им се создава одбивност кон човекот што им го направил тоа, па гневот само се таложи.

Одбива секс

Ако треба жената да го моли сопругот за секс или тој пречесто ја одбива, очекувано, настанува проблем кој по долго толерирање преминува во одбивност и гнев.

Мажи, внимавајте на овие работи ако не сакате љубовта да згасне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *