Грозната вистина: Што се случува кога ќе ви застане мува на храната?

Кога мувата ќе ви застане на храната, не се обидува да ја изеде, туку по неа испушта течности.

grozna-vistina-sto-se-slucuva-koga-muva-ke-vi-zastane-na-hranata-01.jpg

Стигна времето кога не можете „на раат“ да каснете нешто на тераса, без притоа мувите да ве прекинат добри 10 пати.

Па, што да направите кога мувата ќе ви застане на храната? Дали треба само да ја избркате и да продолжите да јадете? Дали треба да ја фрлите храната?

Ние ќе ви пренесеме што точно се случува кога мувата ќе ви застане на храната, а за остатокот сами ќе одлучите.

Кога мувата ви застанува на храната, таа не се обидува да ја изеде каква што е, туку по неа испушта течности и сокови како би ја омекнала, за да може да ја консумира во течен облик. И ова не е најгрозниот дел.

Телесната течност која ја испушта по храната е полна со бактерии кои ги насобрала претходно на други места како ѓубре, кои подоцна може да се пренесат на вас преку храната која ќе ја јадете.

Кои зарази и болести може да ги пренесе мувата?

Некои од болестите се прилично опасни, а тука спаѓаат Ешерихија коли, Салмонела, Хепатитис А и Ротавирус.

Уште една болест која има слични симптоми на стомачен вирус е Шигелоза и предизвикува неподносливи болки во стомакот и температура.

Сега сами одлучете дали ќе им дозволите на мувите долго да се „плеткаат“ околу вашата храна…

grozna-vistina-sto-se-slucuva-koga-muva-ke-vi-zastane-na-hranata-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *