Вежба од 1920-та година која помага против анксиозноста

Со цел да ја намали и контролира анксиозноста, доктор Едмунд Џејкобсон, во 1920-тите развил техника за стегање и релаксирање на целото тело.

lesna-vezba-izmislena-vo-1920ta-godina-koja-pomaga-protiv-anksioznost-001.jpg

Со стегање и контракција на одредени мускули, оваа едноставна вежба ќе ви помогне да се ослободите од стресот и тензијата, односно анксиозната состојба.

Потребно е:

Да застанете исправено, да се опуштите и да ги затворите очите.

Сконцентрирајте се на дишењето. Правете кратки паузи по секое издишување.

Згрчете ги сите мускули на лицето, слично како кога сте каснале нешто многу кисело, и останете во таа состојба околу 3-4 секунди. Опуштете го лицето. Повторете повеќепати.

Истото може да го практикувате и со различни делови од телото – рацете, нозете, вратот и рамениците, грбот, долниот дел од половината.

Важно е кога ја практикувате оваа техника никој да не ве вознемирува барем половина час.

lesna-vezba-izmislena-vo-1920ta-godina-koja-pomaga-protiv-anksioznost-001_resize.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *