Девојчето кое ги замисли сите на автобуската станица…

Автобуска станица. Повозрасна жена со сериозен тон му се обраќа на внучето додека го бара мобилниот телефон во својата чанта.

devojceto-koe-gi-zamisli-site-na-avtobuskata-stanica-01.jpg

„Сега ќе и се јавиме на мама. Ќе ти дадам ти да зборуваш со неа. Ќе и кажеш дека автобусот ти доаѓа за две минути. Значи, за 15 минути кажи и да те чека на автобуската станица за да си одите дома заедно. Запомни душо? Значи точно 15 минути!“

Девојчето, на возраст од 4-5 години кима со главата. Бабата го врти бројот на мајката и го дава телефонот на внуката во исчекување да слушне дали точно ќе ја пренесе пораката.

Русокосото девојче веднаш штом го слушна гласот на мајка си со ентузијазам каков што имаат само децата, во еден глас изговори:

„Мамо, дали имаш ти големи соништа?!“

Јас не можев да си ја соберам насмевката. Зарем е важно кога ќе тргнеме и пристигнеме ако немаме голем сон? Детско прашање, поставено гласно на автобуска станица – а, ги замисли сите околу неа.

Едно дете. Една станица. Едно важно прашање.

Дали имате големи соништа?

Извор : Црнобело фото:  Depositphotos

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *