6 знаци како да препознаете искомплексирана личност

Секој човек си има комплекси, но некои луѓе не се обидуваат да го променат тоа и им дозволуваат на комплексите да влијаат со нивното однесување.

7-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-si-imate-rabota-so-iskompleksirana-lichnost-01.jpg

Тие можеби ќе се обидат да ги скријат нивните несигурности, но со нивните постапки и дофрлања ќе се обидат да ве омаловажат.

Постојат неколку ситници во однесувањето што ја издаваат личноста со комплекси, а во продолжение погледнете ги најчестите:

Чудни комплименти

Ако некој ви даде комплимент, а притоа каже и нешто лошо за себе, најверојатно станува збор за личност со комплекси. Ако, на пример, пријателката ви рече дека сте постигнале успех за кој таа само може да сонува, дефинитивно нешто не е во ред.

Поради ниската самодоверба, на овие луѓе им е тешко да прифатат комплименти за себе, па затоа ги кажуваат на овој начин.

7-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-si-imate-rabota-so-iskompleksirana-lichnost-02.jpg

Непријатна тишина

Овие луѓе неретко се чувствуваат непријатно ако во просторијата завладее тишина. Веднаш помислуваат дека нешто не е во ред и ќе кажат што било, само за да ја исполнат тишината.

7-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-si-imate-rabota-so-iskompleksirana-lichnost-03.jpg

Преувеличување

Луѓето со комплекси настојуваат да ги преувеличуваат ситуациите во кои се наоѓаат. Со ова мислат дека изгледаат подобро во очите на другите и на некој начин си го хранат егото.

7-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-si-imate-rabota-so-iskompleksirana-lichnost-04.jpg

Запаѓаат во чудни ситуации

Поради ниската самодоверба, на овие луѓе им е навистина тешко да ја напуштат нивната удобна зона. А, кога одеднаш ќе привлечат внимание им станува непријатно, па не е ни чудно што во тие моменти знаат да се сопнат, да бидат погласни отколку што треба и слично.

7-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-si-imate-rabota-so-iskompleksirana-lichnost-05.jpg

Избувлив темперамент

Избувливиот темперамент може да биде показател за многу проблеми со самодовербата. Причината е што овие луѓе секогаш мислат дека некој се шегува на нивна сметка, дека некој им се потсмева, па го користат гневот како одбранбен механизам.

7-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-si-imate-rabota-so-iskompleksirana-lichnost-06.jpg

Го избегнуваат туѓиот поглед

Штом некоја личност го избегнува вашиот поглед додека разговарате, тогаш сигурно има проблеми со ниска самодоверба.

Искомплексираните луѓе речиси секогаш се чувствуваат инфериорно и поради тоа го избегнуваат погледот на соговорникот.

7-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-si-imate-rabota-so-iskompleksirana-lichnost-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *