Јапонски мудрости за среќен живот (17)

Научете да обрнувате внимание на облаците, ѕвездите, бојата на небото, не бидете само зомби кое оди на работа.

17-japonski-mudrosti-za-srekjen-zhivot-01.jpg

Секој миг е причина за среќа, а Јапонците го знаат тоа.

Кои се нивните тајни за среќен живот?

– Не го одложувајте доброто за подоцна, животот е тоа што се случува сега и овде.

– Фокусирајте се на една работа како таа да е најважната работа во светот.

17-japonski-mudrosti-za-srekjen-zhivot-04.jpg

– Запомнете дека сѐ што ни се случува, дури и непријатните работи имаат своја цел.

– Ослободете се од очекувањата, тие се убиец на среќата.

– Живејте во мигот, токму во него се кријат сите можности на овој свет.

17-japonski-mudrosti-za-srekjen-zhivot-05.jpg

– Не ги избрзувајте работите, нетрпеливоста ви е непријател.

– Престанете да анализирате сѐ, само уживајте.

– Седнете и уживајте во чудото наречено живот.

– Ангажирајте ги сите сетила, односно слушајте, гледајте, допирајте, мирисајте и вкусувајте ги работите секој ден.

– Секоја средба со луѓето што ги сакате претворете ја во прослава.

17-japonski-mudrosti-za-srekjen-zhivot-06.jpg

– Правете си состаноци сами со себе еднаш неделно.

– Научете да обрнувате внимание на облаците, ѕвездите, бојата на небото, не бидете само зомби кое оди на работа.

– Избегајте од рутината и во животот и во љубовта.

– Заборавете на годините, сѐ е возможно без разлика колку сте стари.

17-japonski-mudrosti-za-srekjen-zhivot-07.jpg

– Креирајте си своја реалност, ако онаа околу вас ви е здодевна и предвидлива.

– Поставувајте ги вистинските прашања за да ја смените насоката на вашиот живот.

– Станете ловец на добри мигови во овој убав и уникатен свет, затоа што сѐ што искусувате нема да се повтори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *