12 факти за животот на Бали прикажан од жител

Девојка која се омажила за локалец на Бали го пренесува своето искуство од животот таму.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-01.jpg

Бали е дестинација од соништата за многу туристи, но како е да се живее таму?

Какви навики имаат локалците на ова место со бескрајно долги плажи со бел песок и неверојатна флора и фауна?

Девојка од Русија која се омажила за локалец на Бали го пренесува своето искуство оттаму на Инстаграм.

Што раскажува Вероника за животот на Бали:

На Бали ме сметаат за неверојатна убавица, иако јас сум девојка со просечен изглед.

Воодушевени се што имам бела кожа, златеста малку виткана коса и сум ситна по раст слично како и тие (со моите 163 сантиметри сум дури малку висока). Но, најубава работа за нив од сѐ е мојот нос, велат дека бил долг и убав.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-13.jpg
kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-02.jpg

Според локалните стандарди, јас сум ужасна домаќинка, тие сметаат дека подовите треба да се чистат секој ден и да се пегла апсолутно сѐ, дури и чорапите.

На земјата имаат брдо облека која чека да биде испеглана, па дури може да ја помешате со нечиста. Таа веќе не мириса на детергент и при пеглањето треба да ја испрскате со некое средство за да има убав мирис.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-03.jpg

На децата на Бали им е дозволено да прават апсолутно сѐ.

Таму децата смеат да тркалаат јаболка по подот на супермаркетите и други сцени за кој ниту еден човек нема да се налути, туку само ќе се насмевне. Исто така, смеат да јадат сѐ, од чипсови до благи работи.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-09.jpg

Интересно е што на Бали често јадат несозреано овошје, како на пример зелено манго во овошна салата.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-04.jpg

Во локалите мора да нагласите дека сакате незачинето јадење, ако не сакате да бидете бомбардирани од вкусови, особено од луто.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-05.jpg

Не чуваат многу храна во фрижидерите, дури некои семејства ги купуваат фрижидерите само за статус.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-07.jpg

Индонезискиот одмор е само 12 дена годишно, плата од 300 долари се смета за нормална, а од 700 долари за многу добра според локалните стандарди.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-14.jpg

Козметичките третмани не се многу популарни на Бали, освен масажите, чии цени започнуваат од 3 долари на час.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-06.jpg

Постои т.н. „Ден на тишината“ или нивна Нова Година кога сѐ сопира и не работат ниту продавниците, ниту аеродромите, ниту има такси возила по улиците.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-08.jpg

Уште има патријахален начин на живот.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-12.jpg

Често има земјотреси.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-11.jpg

Животот е полн со правила и ритуали, кои некогаш се смешни, а некогаш чудни.

kako-e-da-se-bide-zhitel-a-ne-turist-12-fakti-za-zhivotot-na-bali-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *