Здрави навики ако вашата работа е пред компјутер

8 часа работа седнати на столче пред компјутер, 5 дена во неделата, може значително да го промени целокупното здравје.

8-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-usvoite-ako-dolgo-sedite-na-kompjuter-01.jpg

Важно е да бидете свесни дека и покрај тоа што не можете да ја промените работата, може да ги промените останатите навики.

Мали промени кои треба да ги усвоите ако долго седите на работа:

1. Прошетајте до работа. Вклучете барем 30 минути пешачење пред или по работното време.

2. Користете го правилото 20/20/20. По константна работа 20 минути, направете пауза 20 секунди и гледајте во некој објект оддалечен 20 метри. На тој начин ќе ги опуштите мускулите.

3. Станувајте кога зборувате на телефон, шетајте низ канцеларијата или во околина.

4. Чувајте здрави грицки околу вашето работно биро.

5. Одвојте неколку минути во текот на денот за да направите темелно чистење и дезинфекција на работното место.

6. Секогаш имајте шишенце полно со вода на дофат на рака.

7. Практикувајте редовни масажи, на неделно или месечно ниво. На тој начин ќе ја избегнете напнатоста во пределот на рамениците, вратот и половината.

8. Минимизирајте ја употребата на електронски уреди по завршување на работното време, односно во вечерните часови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *