Леонардо ди Каприо го прослави 23-тиот роденден на својата девојка Камила на јахта (ФОТО)

Во петокот, младата девојка на 45-годишниот актер, Камила Морон, го прослави нејзиниот 23-ти роденден, на забава на јахта.

leonardo-di-kaprio-45-i-devojkata-kamila-go-proslavija-nejziniot-23-ti-rodenden-na-jahta-foto-01.jpg

Забавата била направена во „вестерн“ стил, а Лео и Камила беа забележани како пристигнуваат на јахтата со каубојски шапки.

leonardo-di-kaprio-45-i-devojakata-kamila-go-proslavija-nejziniot-23-ti-rodenden-na-jahta-02.jpg
leonardo-di-kaprio-45-i-devojakata-kamila-go-proslavija-nejziniot-23-ti-rodenden-na-jahta-04.jpg

Парот прослави со нивни блиски пријатели, помеѓу кои беше и актерката Нина Добрев, а според изворите забавата завршила до 4 часот попладне.

leonardo-di-kaprio-45-i-devojakata-kamila-go-proslavija-nejziniot-23-ti-rodenden-na-jahta-03.jpg

Лео и Камила се заедно од 2017-та, но првпат се појавија заедно во јавност на овогодишните Оскари. Ова е првпат актерот да отиде на ваков настан со партнерка после 2005-та, кога присуствуваше на Оскарите со поранешната девојка Жизел Бундхен.

leonardo-di-kaprio-45-i-devojakata-kamila-go-proslavija-nejziniot-23-ti-rodenden-na-jahta-05.jpg

Актерот и неговата девојка биле заедно за време на карантинот во Холивуд, а некои извори велат дека вдомиле и куче.

„Секогаш се заедно, но ја сакаат нивната приватност. Одлични се еден за друг и вистински уживаа во изолацијата“, сподели извор близок на парот.

Иако Лео е 22 години постар од Камила, ова воопшто не им пречи. Дури и Камила има изјавено дека иако има луѓе кои им судат, нив не им е грижа.

„Има толку многу врски во Холивуд, и низ историјата на светот, каде што партнерите имаат голема возрасна разлика. Мислам дека секој треба да се гледа со оној со којшто сака“, изјави таа минатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *