Цитати за продуктивен почеток на неделата

Повеќето луѓе ги мразат понеделниците и едвај чекаат да дојде викенд. Но, ако почнете да ги гледате понеделниците како можност за нов почеток или ден во кој ќе ја испланирате претстојната недела, многу нешта во вашиот живот ќе се променат.

bidete-nesrekjni-ili-motivirajte-se-izborot-e-vash-15-inspirativni-citati-za-produktiven-pochetok-na-nedelata01.jpg

Понекогаш е доволно само да ги слушнете вистинските зборови што ќе ви помогнат да си ја промените перспективата.

Затоа, погледнете неколку инспиративни цитати за утрата, понеделниците и успесите што сигурно ќе ви помогнат да се придвижите во вистинската насока.

„Кога ќе се разбудите наутро, помислете колкава привилегија е што сте живи, што дишете, што мислите, што уживате, што сакате…“ – Марко Аврелиј

„Или вие ќе управувате со денот, или денот ќе управува со вас“. – Џим Рон

„Понеделниците се почеток на работната недела и нудат нови почетоци 52 пати годишно“. – Дејвид Двек

„Секое утро морате да станете одлучно, ако сакате навечер да си легнете задоволни“. – Џорџ Лоример

„Бидете несреќни, или мотивирајте се. Што и да направите, изборот е секогаш ваш“. – Вејн Дајер

„Секое утро кога ги отворам очите, си велам: имам моќ денес да се направам среќен или несреќен. Јас можам да изберам што ќе биде. Вчера помина, утре уште не е тука, имам само еден ден, денес… и денес ќе бидам среќен“. – Гручо Маркс

„Животот е полн со убавина. Забележете го тоа. Набљудувајте ги бубамарите, децата и насмеаните лица. Почувствувајте ги дождот и ветрот. Живејте го животот со најголем потенцијал и борете се за вашите соништа“. – Ешли Смит

„Кога ќе почнете да правите работи што навистина ги сакате, не е важно дали е понеделник или петок. Толку сте исполнети со возбуда, што секое утро се будите со желба да ѝ се посветите на работата со страст“. – Едмонд Мбијака

„Вашиот став, а не вашиот талент, ќе одреди колку далеку ќе стигнете“. – Зиг Зиглар

„Утрото е најважниот дел од денот, бидејќи како ќе го поминете утрото може да ви каже многу за тоа каков ќе ви биде денот“. – Лемони Сникет

„Само една малa позитивна мисла наутро може да го промени целиот ден“. – Далај Лама

„Поминете 80% од вашето време размислувајќи за утрешните прилики, а не на вчерашните проблеми“. – Брајан Трејси

„Целете кон месечината. Дури и ако промашите, ќе слетате помеѓу ѕвездите“. – Норман Винсент Пил

„Успехот значи да се сакате себеси, да го сакате она што го правите и да сакате како го правите“. – Маја Анџелоу

„Ако можностите не затропаат на вашата врата, направете си друга врата“. – Милтон Берле

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *