Грета Гарбо, таен агент, бисексуалност, факти за животот

Светот уште долго ќе зборува за мистериозноста и убавината на Грета, која најпрво работела како касиерка во супермаркет.

celosno-se-otkazhala-od-snimanjeto-filmovi-bila-shpion-neobichnata-zhivotna-prikazna-na-geta-garbo-01.jpg

Грета Гарбо, чие вистинско име е Грета Ловиса Густафсон, е родена во 1905-та година во Шведска. Таа потекнува од сиромашно семејство и кога имала 14 години останала без татко. Со цел да ѝ помогне на мајка си, Грета се вработила во еден супермаркет во Стокхолм.

Додека работела таму сопствениците сакале да рекламираат нова колекција шапки и им бил потребен модел. Тогаш тие ја забележале Грета и, на некој начин, тогаш започнала нејзината кариера.

celosno-se-otkazhala-od-snimanjeto-filmovi-bila-shpion-neobichnata-zhivotna-prikazna-na-geta-garbo-02.jpg

Во 1922-та таа се запишала во драмското училиште во Стокхолм и таму му го привлекла вниманието на финскиот режисер Мориц Стилер. Тој е и личноста што ѝ го дал псевдонимот Гарбо.

Стилер ѝ дал и улога во неговиот филм The Saga of Gosta Berling, а после успешната соработка, основачот на студиото MGM, Луис Мајер, ги поканил неа и Стилер во Холивуд.

celosno-se-otkazhala-od-snimanjeto-filmovi-bila-shpion-neobichnata-zhivotna-prikazna-na-geta-garbo-03.jpg

Интересно е што кога дошла во САД, Грета не знаела англиски. Нормално, со текот на времето го научила јазикот, но поради нејзиниот акцент, студиото MGM се двоумело дали да ѝ дозволи да се појави во филм со дијалози, или да ја остават како ѕвезда од „немите“ филмови.

Кога конечно се одлучиле да ѝ дадат улога за која треба да зборува, филмот го рекламирале со фразата „Гарбо зборува!“.

celosno-se-otkazhala-od-snimanjeto-filmovi-bila-shpion-neobichnata-zhivotna-prikazna-na-geta-garbo-04.jpg

Постоеле многу гласини за односот меѓу Стилер и Грета, но се верува дека иако можеби постоела љубов, нивната врска не била интимна, најмногу поради сексуалната ориентација и на двајцата. За Стилер било познато дека е бисексуалец, а се верува дека истото важи и за Грета, но наводно повеќе преферирала жени.

Во 1928-ма Стилер починал, но наводно Грета не присуствувала на неговиот погреб.

celosno-se-otkazhala-od-snimanjeto-filmovi-bila-shpion-neobichnata-zhivotna-prikazna-na-geta-garbo-05.jpg

Потоа актерката имала врска со колегата Џон Гилберт, но иако тој неколкупати ја побарал нејзината рака, Грета секогаш се премислувала во последен момент. Самата има изјавено дека причината е што не се чувствувала подготвено.

Актерката никогаш не стапила во брак, немала деца и по разделбата со Џон, живеела сама до нејзината смрт.

celosno-se-otkazhala-od-snimanjeto-filmovi-bila-shpion-neobichnata-zhivotna-prikazna-na-geta-garbo-06.jpg

Гласините за нејзината сексуална ориентација станаа уште попопуларни откако сценаристката Мерцедес де Акоста ги објави нејзините мемоари.

Во книгата, Мерцедес опишува романса помеѓу неа и Грета. Според некои извори, Грета имала врска со неколку жени, меѓу кои Лиз Брукс, Били Холидеј, Лилијан Тешман и Талула Бенкхед.

celosno-se-otkazhala-od-snimanjeto-filmovi-bila-shpion-neobichnata-zhivotna-prikazna-na-geta-garbo-07.jpg

Кариерата на Грета заврши многу брзо – последната улога ја играла во 1941-ва, на 36-годишна возраст. Бидејќи била перфекционист, Грета тешко се справила со критиките за филмот Two-Faced Woman, па се верува дека затоа престанала да се појавува во филмови.

Еднаш дури изјави никогаш да не ја прашуваат за филмовите, ниту зошто се откажала од нив.

celosno-se-otkazhala-od-snimanjeto-filmovi-bila-shpion-neobichnata-zhivotna-prikazna-na-geta-garbo-08.jpg

Дури по нејзината смрт, светот дознал за навистина интересен аспект од нејзиниот живот – наводно, за време на Втората светска војна, Грета била таен агент. Според некои извори актерката работела за британската разузнавачка служба MI6 и собирала информации за нацистите.

Постојат гласини дека актерката сакала да го запознае Хитлер, а се верува дека имала и желба да биде дел од мисијата за неговото убиство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *