Наташа Беквалац и нејзините најсмешни изјави

Наташа Беквалац обожава да се шегува на своја сметка, a eдна од нејзините фамозни изјави е: „Лесно ти е тебе да бидеш чесна, кога никој не те сака.“

kolku-me-imaat-proseno-malku-se-imam-mazheno-najsmeshnite-izjavi-na-natasha-bekvalac-01.jpg

Наташа Беквалац е една од познатите личности од регионот која дава најзабавни изјави, а дури и ако не ви е на листата пејачи и не го сакате нејзиниот стил на музика, овие изјави ќе ве насмеат.

Атрактивната русокоса се шегува на сметка на својот изглед, финансиската ситуација, но најмногу од сѐ за своите 3 пропаднати бракови.

На социјалните мрежи во Србија дури има тренд: „Која изјава на Наташа Беквалац сте вие?“, каде луѓето се препознаваат во нејзините изјави и си ги споделуваат на своите профили.

Инаку, Беквалац има две ќерки и вели дека заедно со дадилката, како и нејзината сестра Кристина Беквалац, го има своето совршено семејство.

Дел од забавните изјави на Беквалац:

Колку ме имаат просено, малку се имам мажено!

Јас сум вечно во финансиски проблеми – уште откако се родив.

Кога некој ќе спомне мажење, јас се вртам и гледам кој ме вика.

На која венчавка беше најубава? Ќе бидам на четвртата.

Гледајте ме мене и правете сѐ спротивно.

Прават идиот од мене, а толку поубави и подобри работи може да се направат од мене.

kolku-me-imaat-proseno-malku-se-imam-mazheno-najsmeshnite-izjavi-na-natasha-bekvalac-02.jpg

Често изгледам како социјален случај.

Кога би требала да бирам помеѓу книга и секс би одбрала секс. Сексот е поефективен, трае пократко и не го заморува мозокот.

Јас им се извинувам на луѓето кои следат што зборувам, вечерва сум неконтролирана.

За сите мои неуспеси виновно е друштвото.

Лесно ти е тебе да бидеш чесна, кога никој не те сака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *