Новак и Јелена Ѓоковиќ позитивни на корона

Организацијата на Adria Tour заврши неславно откако беше откажано финалето заради позитивниот тест на Григор Димитров, а сега и Ноле и Јелена се позитивни, за што српскиот тенисер искажува посебна жалост и вели дека ова го направиле за да им помогнат на тенисерите во регионот.

zhal-mi-e-s-beshe-dobronamerno-novak-i-jelena-gjokovikj-pozitivni-na-korona-01.jpg

По позитивниот тест на корона на Григор Димитров и Борна Чориќ, се тестираа и другите тенисери кои беа дел од Adria Tour.

Новак одби да се тестира во Задар, но веднаш по враќањето во Белград се тестирал заедно со сопругата и децата:

„Веднаш по доаѓањето во Белград отидовме да се тестираме. Мојот тест и на Јелена се позитивни, а на децата негативни. Сѐ што направивме во изминатите месец дена го правевме со чисто срце и искрени намери.

Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да овозможиме услови за играње, да остварат приходи и да го пребродат тешкиот период. Организиравме турнир во период кога вирусот ослабе.

Жал ми е за секој поединечен случај на зараза. Ги пратам изјавите на докторите и се надевам дека бројот на заразени случаи нема да се зголеми. Се надевам дека нема да се искомплицира ничија здравствена состојба. Јас ќе останам во изолација наредните 14 дена и ќе го повторам тестот за 5 дена.“ – изјави Ѓоковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *