Причини зошто постарото дете не треба да го чува помалото

Кога постарото дете ќе порасне, повеќето родители сметаат дека негова должност е да се грижи и за помалите браќа и сестри.

zoshto-vasheto-postaro-dete-ne-treba-da-mu-bide-dadilka-na-pomaloto-01.jpg

Иако е во ред постарото дете да ви помага, не би требало да го гледате како дадилка. Сепак, вие сте родителите во домот и не треба и постарото дете да ја презема таа улога.

Во продолжение погледнете зошто:

Му давате преголема одговорност

Важно е детето да научи да биде одговорно, но едно e да ви помага во чистењето и домот, а друго е со часови да се грижи за помалите браќа и сестри секојдневно, без ваш надзор.

Ако детето се согласува со тоа, во ред. Но, немојте да го присилувате или да го терате да прави нешто за коешто не се чувствува подготвено. Не заборавајте дека детето сигурно е исплашено и веројатно не знае да се снајде ако се случи некоја незгода.

zoshto-vasheto-postaro-dete-ne-treba-da-mu-bide-dadilka-na-pomaloto-02.jpg

Детето не е професионалец

Кога не можете да најдете дадилка, постарото дете може да ви помогне, но не очекувајте да се однесува како професионалец. Не очекувајте да биде посветено на грижата за братчето или сестричката како возрасна личност.

Само затоа што е постаро, не значи дека детето знае како правилно да смени пелена или како правилно се храни бебе.

Ако го оставате постарото дете да се грижи за помалото, осигурете се дека му давате обврски погодни за неговата возраст.

zoshto-vasheto-postaro-dete-ne-treba-da-mu-bide-dadilka-na-pomaloto-03.jpg

Го жртвувате неговото детство

Понекогаш родителите забораваат дека и постарото дете е само дете.

Немојте да го жртвувате детството на постарото дете само затоа што ви треба помош со помалото. Не го терајте детето да се грижи за братчето или сестричката, наместо да се дружи со неговите врсници.

Вашето дете има потреба од дружба и социјални активности кои не смеете да ги замените со „родителски“ обврски.

zoshto-vasheto-postaro-dete-ne-treba-da-mu-bide-dadilka-na-pomaloto-04.jpg

Можете да го влошите односот помеѓу вашите деца

Ако постојано го присилувате детето да се грижи за помалиот брат или сестра, можеби ќе се развие одбивност.

Постарото дете ќе почне да го гледа братчето или сестричката како обврска и нема да сака да минува време со него. Истовремено, кога децата се сами, постарото мора да преземе улога на авторитет, а помалите деца ретко се послушни. Ова само ќе ја влоши ситуацијата.

zoshto-vasheto-postaro-dete-ne-treba-da-mu-bide-dadilka-na-pomaloto-05.jpg

Детето нема обврска да се грижи за помалите браќа или сестри

Можеби ова вам ви се чини како одлична идеја – постарото дете ќе се грижи за помалите, и нема потреба да се грижите за ништо.

Но, не заборавајте дека вашето дете нема обврска да глуми дадилка. Ако сепак често го терате да се грижи за братот или сестрата, барем покажете му благодарност за тоа.

Можете да му го зголемите џепарлакот, да го почестите нешто или што било што ќе му покаже дека го цените неговиот труд.

zoshto-vasheto-postaro-dete-ne-treba-da-mu-bide-dadilka-na-pomaloto-06.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *