Што може да јадете по 18 часот, без страв од дебелеење

Ако во последно време се обидувате со „фастинг“ начин на слабеење или едноставно се придржувате до старото добро правило за слабеење „прескокни ја вечерата за да ослабеш,“ сепак има храна која ви е дозволена.

5-namirnici-koi-moze-mirno-da-gi-jadete-i-po-18-chasot-1.jpg

За да не трпите глад, ви предлагаме да пробате да се заситите со овие 5 намирници кои нема да ви додадат килограми:

Црно чоколадо

Темното чоколадо со над 70% какао има многу малку шеќер, а притоа го забрзува слабеењето и го враќа холестеролот во нормала. Секако, во ограничена количина, не цело чоколадо.

Супа

Било која топла течност која ќе ја внесете за вечера ќе ви го смири телото. Доколку не ви е доволна шолја чај, слободно може да каснете чинија пилешка или зеленчукова супа.

Бадеми

Бадемите, доколку се јадат во нормални ограничени количини, може да ве заситат, а притоа делотворно да влијаат на слабеењето. Доволна е една шака бадеми навечер.

Семки од тиква

Чипсот и пуканките заменете ги со шака семки од тиква. Содржат магнезиум, кој позитивно влијае на сонот.

5-namirnici-koi-moze-mirno-da-gi-jadete-i-po-18-chasot-2.jpg

Ориз

Доколку пред спиење изедете мала порција сварен ориз, ќе спиете без проблем. Го смирува целото тело, а притоа не ви ја нарушува диетата.

Доколку чувствувате силно чувство на глад, испијте 1-2 чаши вода, но не претерувајте, бидејќи преполн желудник значи немирен сон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *