Операта во Барселона се одржа пред 2000 растенија, последици од корона кризата

Пандемијата го затвори целиот свет, но во многу држави животот колку-толку почнува да се враќа во нормала.

posle-povekje-od-tri-meseci-vo-operata-vo-barselona-odrzhan-koncert-pred-2000-rastenija-01.jpg

Почнаа да се отвораат кафетерии, плажи, но и разни институции. Пред неколку дена во Барселона беше отворена Операта, а за првиот концерт имаше навистина необична публика.

Наместо од луѓе, сите 2.292 седишта во Gran Teatre del Liceu беа зафатени од зелени растенија.

posle-povekje-od-tri-meseci-vo-operata-vo-barselona-odrzhan-koncert-pred-2000-rastenija-02.jpg

Идејата ја добил концептуалниот уметник Еугенио Ампуда, а концертот беше пренесуван во живо на сајтот на операта. Уметникот се надевал дека овој подвиг ќе ги натера луѓето добро да размислат за нашата врска со природата:

„Се наоѓаме на крајот на една ера, што значи мора да промениме некои работи. Не живееме во истиот свет како пред 90 дена и ова значи дека мораме да размислиме за сè што правиме“, изјави тој.

posle-povekje-od-tri-meseci-vo-operata-vo-barselona-odrzhan-koncert-pred-2000-rastenija-03.jpg

Можеби растенијата не можеле да им аплаудираат на музичарите, но науката покажа дека реагираат на звуци, што значи дека сепак уживале во концертот.

posle-povekje-od-tri-meseci-vo-operata-vo-barselona-odrzhan-koncert-pred-2000-rastenija-04.jpg

Интересно е што се планира сите растенија да им се подарат на здравствените работници кои биле во првите редови во борбата против корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *