Татко зависник од дрога го дал синот на посвојување, после 20 години повторно се сретнаа

Бил зависник од дрога, алкохол и завршил во затвор, сега комплетно го трансформирал животот и вели дека да го даде синот на посвојување му била најтешката одлука во животот.

tatko-nekogashen-zavisnik-od-droga-po-20-godini-se-sretnal-so-sinot-shto-go-dal-na-posvojuvanje-01.jpg

Поранешен зависник од дрога и алкохол успеал комплетно да си го трансформира животот.

Ренди Камп (55) од Калифорнија по две децении се сретнал со синот што го дал на посвојување, кога тој бил само 6-месечно бебе.

tatko-nekogashen-zavisnik-od-droga-po-20-godini-se-sretnal-so-sinot-shto-go-dal-na-posvojuvanje-04.jpg

Неговиот син Ноа Андерсон сега има 20 години и интересно е што живееле на само стотина километри раздалеченост.

Нивната средба минала емотивно, а Ренди му кажал на својот син за својата битка со зависностите, како и за тоа дека завршил во затвор.

tatko-nekogashen-zavisnik-od-droga-po-20-godini-se-sretnal-so-sinot-shto-go-dal-na-posvojuvanje-02.jpg

„Најважно од сѐ ми беше да му кажам дека тоа што се откажав од него пред 20 години не беше поради недостиг на љубов.

Тоа беше најтешката работа што некогаш сум ја направил во животот, се чувствував како вистински неуспех, но морав да го направам тоа за негово добро.“

tatko-nekogashen-zavisnik-od-droga-po-20-godini-se-sretnal-so-sinot-shto-go-dal-na-posvojuvanje-03.jpg

Ренди открива дека со Ноа сфатиле дека сакаат исти работи како фудбал, свирење на гитара, мразат маслинки и имаат низа други сличности.

„Средбата беше прекрасна, едноставно ми го промени животот“, изјави Ренди.

Сега тој волонтира за да им помогне на други луѓе што се борат со зависности. Нема други деца.

tatko-nekogashen-zavisnik-od-droga-po-20-godini-se-sretnal-so-sinot-shto-go-dal-na-posvojuvanje-05.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *