Феномен несфатлив и за научниците, животот на 30 годишни сијамски близначки

Пред 30 години се родија овие сијамски близначки за кои своевремено зборуваше целиот свет. Ебигејл и Британи Хенсел живеат најдобро што можат и покрај физичкото ограничување. 

kako-izgleda-zivotot-na-30-godisnite-sijamski-bliznacki-fenomen-nesfatliv-i-za-naucnicite-01.jpg

Лекарите немаа светла прогноза за нив. Но, тие сепак успешно се справуваат со сите животни препреки.

Родени се на 7 март 1990 година во Минесота. Сè до нивното раѓање, лекарите биле уверени дека ќе излезе едно бебе. Ултразвукот не прикажал никаков проблем.

Според статистиките, од 30 милиони сијамски близнаци, само едни остануваат живи.

Внатрешните органи кај овие деца најчесто откажуваат 24 часа по раѓањето. Но, и покрај лошите прогнози, овие две девојки остануваат живи.

Опцијата разделување не доаѓала никако во предвид бидејќи со тоа една секако би морала да го изгуби животот.

kako-izgleda-zivotot-na-30-godisnite-sijamski-bliznacki-fenomen-nesfatliv-i-za-naucnicite01.jpg

Девојките имаат две глави, две раце и нозе, две кичми, три белодробни крила, еден црн дроб, два стомаци и три бубрези, една вагина и две срца. Го делат кардиоваскуларниот систем и гениталиите.

Анатомијата на овие девојки е толку сложена што на лекарите не им е јасно како и понатаму живеат и функционираат.

Секоја близначка ја контролира својата половина од телото – Ебигејл не чувствува кога Британи се ракува со некого. Уште во детството тие научиле како да ги синхронизираат своите движења. Така успешно научиле да свират на клавир, да пливаат, возат велосипед…

kako-izgleda-zivotot-na-30-godisnite-sijamski-bliznacki-fenomen-nesfatliv-i-za-naucnicite-03 (1).jpg

Научниците веруваат дека овие девојки имаат неврони кои ги нема ниту едно друго човечко тело. Тие си ги читаат мислите и си ги довршуваат речениците. Телата и умовите им се совршено синхронизирани – кога на едната и се пие вода, и другата е жедна.

kako-izgleda-zivotot-na-30-godisnite-sijamski-bliznacki-fenomen-nesfatliv-i-za-naucnicite-04.jpg

Тие дури успеале и да положат возачки испит – едната ги контролира педалите и менувачот, а другата внимава на семафорите и знаците.

Завршиле факултет, а работеле и како бебиситерки. Денес се учителки – Ебигејл предава математика и физика, а Британи книжевност и историја. Но, добиваат само една плата.

kako-izgleda-zivotot-na-30-godisnite-sijamski-bliznacki-fenomen-nesfatliv-i-za-naucnicite-03.jpg

Од 2012 година па наваму, се повлекуваат од медиумите после гласините дека Британи се верила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *