Како да ослабите 3 килограми неделно

За да се ослободите од неколкуте вишок килограми, не е задолжително да држите ригорозни диети и да правите исцрпувачни вежби.

5-osnovni-pravila-koi-ke-vi-pomognat-da-namalite-3-kilogrami-nedelno-01_resize.jpg

Понекогаш, тајната лежи во малите секојдневни ритуали.

Ова нека бидат вашите нови ритуали за поздрав живот и помалку килограми:

1. Пред секој оброк во денот испијте 2 чаши вода

Таквата количина на течност, 30-тина минути пред јадење, ќе го забрза вашиот метаболизам, храната ќе се вари правилно, без да се претвори во масни наслаги.

2. Појадувајте кефир со потопено ленено семе

На овој начин ќе ги исчистите цревата и ќе ја сочувате цревната флора.

3. Каснете половина грејпфрут пред главниот оброк во денот

Покрај тоа што одлично го забрзува метаболизмот, одличен е за согорување на маснотиите. 

5-osnovni-pravila-koi-ke-vi-pomognat-da-namalite-3-kilogrami-nedelno-02_resize.jpeg

4. Џвакајте подолго од вообичаено

За храната да не се наталожи во облик на наслаги по телото, секое залче би требало да го соџвакате барем 30 пати.

5. Пијте цимет и мед во вода

Ставете вода 200ml во еден сад и оставете ја да зоврие. Во чаша ставете ½ лажичка цимет во прав и прелијте го со водата. Поклопете да отстои половина час. Кога водата со цимет ќе се олади, додадете 1 лажичка мед.

Пијте ја мешавината половина навечер, половина наутро на празен стомак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *