Познатата игра Pac-Man наполни 40 години

Дури и ако не сакате да играте видеоигри, сигурно сте слушнале Pac-Man. Ова е аркадна игра која беше издадена во 1980-та година и веднаш ги освои срцата на децата, но и возрасните ширум светот.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-01 (1).jpg

Годинава, Pac-Man полни дури 40 години, и сè уште важи за една од најпопуларните видеоигри.

Оригиналното име на играта било Puck-Man. Зборот puck е инспириран од звукот што го правиме кога ја затвораме устата, а на јапонски овој звук е познат како „paku“. Името било променето во Pac-Man за да се приспособи за американскиот пазар.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-02.jpg

Иватани Тору од Јапонија е креаторот на играта, а се веруваше дека идејата за дизајнот на главниот лик ја добил од формата на пицата. Подоцна Иватани изјави дека овие гласините се делумно вистинити, но и дека дизајнот зависел и од јапонскиот симбол со кој се пишува зборот „уста“.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-03.jpg

Непријателите во играта се четири таканаречени духови со разни бои. Секој од нив се движи на различен начин и си има свој „карактер“. Портокаловиот дух, Клајд, е најмирен. Црвениот, Блинки, е најагресивен и најопасен. Синиот дух се вика Инки и е непредвидлив – никогаш не знаете каде ќе се појави. А Пинки, розовиот дух, секогаш се обидува да го загради Пек-Мен, но не и да го изеде.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-04.jpg

Играта стана толку популарна, што со продажбата го надмина најпопуларниот филмски серијал од тој период – Star Wars.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-05.jpg

Оригиналната игра има 255 нивоа, а единствената личност која ги поминала сите без да „умре“ е Били Мичел. Овој подвиг е наречен „совршена игра“.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-06.jpg

Во 1981-ва се појави и женскиот лик, познат како г-ѓа Пек-Мен. Овој лик има панделка на главата, едно затворено око и црвени усни. Ликот има посебна игра, чиј концепт е ист како и оригиналот.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-07.jpg

Со текот на времето, видеоигрите еволуираат, а истото се случи и со Pac-Man. Денес постојат над 40 официјални верзии од играта кои можат да се играат на разни конзоли и, се разбира, компјутер. Покрај тоа, Pac-Man е инспирација и за многу друштвени игри, но и видеоигри кои (легално или нелегално) го „позајмиле“ дизајнот.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-08.jpg

Играта е толку популарна, што се појави и во неколку серии и филмови. Во серијата Friends, Фиби им купи флипер со оваа игра на Моника и Чендлер за нивната свадба. Главниот лик се има појавено и во епизода од The Simpsons, но и во филмови како Tron и Wreck it Ralph.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-09.jpg

Од 1982 до 1983 се емитуваше и анимирана серија инспирирана од играта, позната како Pac-Man: The Animated Series. Покрај Пек-Мен и г-ѓа Пек-Мен, во играта се појавува и нивното бебе, но и мачка и куче. Ова е првиот цртан филм направен според игра.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-10.jpg

Играта беше инспирација и за песната Pac-Man Fever, која беше издадена во 1981. Синглот беше вистински хит и досега се продадени неколку милиони копии.

За 30-тиот роденден на играта, дури и Google ѝ оддаде почит. Тие го претворија нивното лого во мини-игра, која толку беше популарна, што ја оставија на сајтот. Ако сакате да ја пробате, кликнете ТУКА, а потоа на копчето Play.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-11.jpg

Иако се вели дека играта нема крај, како што напоменавме, таа има 255 нивоа. Играта има уште едно ниво, но кога ќе стигнете дотаму сликата се искривува и е речиси невозможно да го поминете.

Не постои возрасна личност што не ја препознава оваа игра. Всушност, таа можеби е попопуларна и од Super Mario.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-12.jpg

Креаторот имал идеја да направи ненасилна и забавна игра, а ова им се допаднало на речиси сите. Токму поради ова, играта влезе во Гинисовата книга на рекорди како најуспешна на сите времиња.

zabavni-fakti-za-pac-man-igrata-bez-kraj-koja-napolni-40-godini-13.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *