Опасности кои ги крие големиот стомак

Опседнати со изгледот на „мишелинките“, „пивскиот стомак“, или „пифтијата“ која ја имаме под градите, честопати размислуваме само за физичкиот изглед и дали новите фармерки, панталони или здолништа ќе ни го соберат стомакот во нив.

Site-opasnosti-sto-gi-krie-golemiot-stomak-01.jpg

Прегледувајќи најразлични истражувања, лекарите упатуваат на петте најчести здравствени опасности кои се поврзани со масните наслаги на стомакот.

Секако, не значи дека треба да паничите, бидејќи не мора да значи дека веќе имате проблем, но добро е да ги имате на ум за да не дозволите да се случи тоа.

Дефинитивно не треба да се грижите толку за естетскиот проблем како за:

Зголемен ризик од дијабетес

Кога црниот дроб е покриен во масно ткиво како резултат на вишокот маснотии во стомакот, тој не успева доволно добро да го процесира шеќерот во крвта.

Како реакција, овој процес го заробува шеќерот во крвотокот, наместо црниот дроб да го обработува истиот. Процесот може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и да предизвика дијабетес.

Зголемен ризик од метаболистички синдром

Развивањето на метаболистички синдром е ризик со кој се соочувате кога имате широк струк и тврдокорни масни наслаги прилепени на него.

Ова, за жал, повлекува развој на срцеви заболувања и ризик од мозочен удар. „Пивскиот стомак“ е симптом на метаболистичкиот синдром – комбинација на здравствени проблеми кои можат да ги зголемат шансите за сериозни проблеми, што можат пак да го доведат организмот до предвремена смрт.

Зголемен ризик од тумор

Новите истражувања покажуваат дека еден вид протеин ослободен од маснотии во стомакот може да ги претвори неканцерогените клетки во канцерогени, што резултира во раст на различни видови на тумори.

Зголемен ризик од деменција

Денес постојат докази кои сугерираат дека средовечните луѓе со голем стомак и премногу масни наслаги на истиот ѝ припаѓаат на групата на луѓе кои имаат двојно поголема веројатност да развијат деменција подоцна во животот.

Еректилна дисфункција

Акумулацијата на маснотии во абдоменот може да има и последици врз сексуалниот живот. Бидејќи се јавува зголемување на крвниот притисок и недоволно полнење на „сунѓерестите“ тела на пенисот, како резултат на опструкциите во протокот на крв (поради стеснетите крвни садови со акумулација на маснотии во нив), сосема веројатно е да се соочите со еректилна дисфункција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *