Позитивни мисли за насмевка – „Доколку сакате да му го уништите денот на лош човек, насмевнете му се“

„Животот е како огледало – ако му се насмевнете, тоа ќе ја возврати насмевката“. Нема ништо попријатно од тоа да се гледаат радосни, насмеани лица, особено рано наутро. Некои луѓе едноставно не може да замислат да го започнат денот поинаку освен со огромна насмевка.

Pozitivni-misli-za-nasmevkata-01.png

Ви испраќаме насмеани мисли за уште поубав ден:

„Она што се сончевите зраци за цвеќињата, тоа е насмевката за човештвото“.

„Насмевката е среќа. Ќе ја пронајдете веднаш под носот“.

„Доколку некој се сеќава на вашата облека наместо на насмевката, тогаш не сте се насмеале доволно“.

„Насмевката трае само еден момент, но сеќавањето за неа понекогаш останува засекогаш“.

„Никој не е доволно богат за да живее без насмевки и никој не е толку сиромашен за да не може да ги даде“.

„Насмевката е најдобриот противотров на природата за тагата и вознемиреноста“.

„Зборовите кријат мисли, насмевките ги издаваат“.

„Насмевнете му се на некој непознат. Тоа можеби ќе биде неговата единствена радост во денот“.

„Измерете го животот со насмевки, не со солзи“.

„Доколку сакате да му го уништите денот на лош човек, насмејте му се“.

„Ако немате да кажете ништо убаво, само насмевнете се“.

„Насмевката е најевтиниот начин да го промените вашиот изглед“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *