Рецепт: совршена летна даска со вкусно мезе

Периодов треба да внимаваме на собирањата во поголеми групи, но доколку сте во отворен простор со еден најблизок пријател или семејството, ова мезе е идеално за летната сезона.

Letna-daska-so-vkusno-meze-01.jpg

Клучот е во квалитетот на состојките. Затоа не штедете, подобро употребете помалку состојки, но со врвен квалитет. Подредете ги како на сликата и – уживајте во мезењето.

Потребни состојки:

  • Малини, праски, цреши или грозје (најдобро одберете свежо сезонско овошје)
  • Краставица
  • Кашкавал по избор (гауда, ајдамер, бри, горгонзола …)
  • Солени крекери по избор
  • Пршута
  • Италијанска салама (или печеница, повторно по сопствен избор)
  • Француски багет или брускети со вкус

Начин на подготовка:

Внимавајте состојките да се свежи и добро измиени. Наредете ги онака како што сакате, а фотката секако може да ви послужи како инспирација. Уживајте во летното мезе со омилениот пијалак.

Letna-daska-so-vkusno-meze-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *