Живописно село во Италија нуди гратис одмор од јули до септември

Замислете една седмица гратис во историско италијанско селце… Оваа 2020-та тоа е возможно, само ако нѐ послужи среќата со актуелната ситуација.

zhivopisno-italijansko-selce-nudi-gratis-odmor-vo-period-od-juli-do-septemvri-01.jpg

Одморите во 2020 уште не се сигурни за никој од нас. Но, границите полека се отвораат и сонот за одмор може да стане реалност.

Мало селце на југот од Италија нуди бесплатно сместување за сите посетители. Звучи премногу добро за да биде вистинито, но навистина е така.

zhivopisno-italijansko-selce-nudi-gratis-odmor-vo-period-od-juli-do-septemvri-03.jpg

Селото Сан Џовани се бори за да опстане и уште во 2019 година италијанската влада понуди 24.000 евра за секој кој трајно ќе се насели таму.

zhivopisno-italijansko-selce-nudi-gratis-odmor-vo-period-od-juli-do-septemvri-02.jpg

Како резултат на намалување на популацијата многу куќи се празни, па затоа од селото организираа 3 куќи во кој може да одморате гратис. Слободно може да престојувате една седмица во периодот од јули до септември.

Пријавувањето е ТУКА!

zhivopisno-italijansko-selce-nudi-gratis-odmor-vo-period-od-juli-do-septemvri-05.jpg
zhivopisno-italijansko-selce-nudi-gratis-odmor-vo-period-od-juli-do-septemvri-04.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *