Сопругата на Вил Смит во врска со пејачот Аугуст Алсина – актерот дал благослов

Нов скандал во контроверзниот брак на Вил Смит и сексапилната Џејда Пинкет Смит…

48-godishnata-sopruga-na-vil-smit-so-godini-si-imala-27-godishno-momche-akterot-dal-blagoslov-01.jpg

Џејда Пинкет Смит е во брак со актерот Вил Смит од 1997 година и околу нивниот брак секогаш има приказни за голема љубов, но и големи контроверзии.

Во една пригода тие изјавија дека имаат отворен брак, а сега 27-годишниот музичар Август Алсина тврди дека со години е во врска со 48-годишната Џејда.

48-godishnata-sopruga-na-vil-smit-so-godini-si-imala-27-godishno-momche-akterot-dal-blagoslov-04.jpg

Наводно Вил Смит знае за врската и ѝ дал благослов на својата сопруга да се гледа со музичарот.

„Седнав со Вил и разговаравме за трансформацијата на нивниот брак во доживотно партнерство… И тој ми даде благослов“, изјави Алсина, иако Џејда ги негира неговите изјави.

48-godishnata-sopruga-na-vil-smit-so-godini-si-imala-27-godishno-momche-akterot-dal-blagoslov-02.jpg

Тој вели дека ја сака искрено и длабоко и дека години и години од својот живот посветил на таа врска.

Инаку, токму 21-годишниот син на Џејда ја запознал со Алсина во 2015 година.

Тие се зближиле многу и дури заедно сите биле на летување на Хаваи, а потоа во 2017 година се појавија заедно и на настанот BET Awards.

48-godishnata-sopruga-na-vil-smit-so-godini-si-imala-27-godishno-momche-akterot-dal-blagoslov-05.jpg

Вил Смит и Џејда:

48-godishnata-sopruga-na-vil-smit-so-godini-si-imala-27-godishno-momche-akterot-dal-blagoslov-08.jpg
48-godishnata-sopruga-na-vil-smit-so-godini-si-imala-27-godishno-momche-akterot-dal-blagoslov-07.jpg
48-godishnata-sopruga-na-vil-smit-so-godini-si-imala-27-godishno-momche-akterot-dal-blagoslov-06.jpg
48-godishnata-sopruga-na-vil-smit-so-godini-si-imala-27-godishno-momche-akterot-dal-blagoslov-03.jpeg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *