Мијачкото Тресонче ќе ви ја наполни душата со мир и убавина (фото)

Тресонче е лоцирано во срцето на планината Бистра, во западна Македонија. Распослано по левата и десната страна на Тресонечка Река, која извира во непосредна близина на селото, Тресонче е едно од најстарите села во Македонија. 

Mijackoto-Tresonce-mir-i-ubavina-01.jpg

Неговото име прво било Старо Село, а за првпат се споменува во еден попис од 1467 година.

Влезот во село Тресонче води од Бошков Мост кон исток, по Мала Река и таа е единствениот пат што води низ кањонот во кој се наоѓаат уште и селата Росоки и Селце.

Освен тоа, Тресонче, заедно со другите села во областа, важи за дел од област населена со Мијаци. Се смета дека ова е најстарото мијачко село.

Чудесните Тресончани може да се најдат запишани на најсветлите, но и на најтемните страници од македонската и од светската историја, потпишани под балканските иконостаси. Тресонче зрачи со креативност и богатство на идеи. Низ историјата го нарекувале и „Назарет на југоисточна Европа“.

Изобилува со прекрасна природа и дише со историја.

Доколку сакате да си ги наполните очите и душата со мир и убавина, вашата следна дестинација нека биде мијачкото – Тресонче:

View this post on Instagram

🦋🌼🌲

A post shared by Fani (@fanilazovska) on

View this post on Instagram

I follow rivers 🏞

A post shared by Ujkan (@ujkan_jani) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *