„Среќна сум ако со маж ми имаме секс повеќе од еднаш на 3 месеци“

srekjna-sum-ako-so-mazh-mi-imame-seks-povekje-od-ednash-na-3-meseci-01.jpg

Исповед на 35-годишна жена за сексуалните проблеми во бракот…

„Среќна сум ако мојот сопруг посака да имаме секс повеќе од еднаш во 3 месеци. Јас имам голема сексуална желба, но неговата незаинтересираност ме уништува.

Кога иницирам секс постојано наоѓа некакви изговори – бил уморен од вежбање, имал стресен ден на работа, ќе сме имале друг ден, сега имал обврски и не знам што… Изговор по изговор.

Двајцата имаме 35 години и заедно сме веќе 10 години. На почетокот ситуацијата не беше ваква, но сега е и не сум сигурна дека сакам да минам живот во фрустрации и кавги околу тоа дека треба да имаме секс.

Целата ситуација ме прави нервозна и бесна.

Чувствувам како да сум му здодевна.

Нема интимност, нема бакнежи, нема прегратки.

Нешто навистина не е во ред, ова не може да продолжи вака.

Постојано ме одбива и постојано се караме.

srekjna-sum-ako-so-mazh-mi-imame-seks-povekje-od-ednash-na-3-meseci-02.jpg

Овојпат ќе се обидам со смирен разговор надвор од спалната соба. Искрено ќе му кажам дека нашиот брак не може да преживее вака.

Ќе му објаснам дека мора да поработи на проблемот или јас ќе си заминам. Навистина не би сакала да бидам осудена на живот без секс и брак без интимност.

Ако не е подготвен за промена, јас навистина повеќе немам енергија за кавги. Потребен ми е маж што ќе прави да се чувствувам посакувана.

Бракот без секс навистина не може да опстане долгорочно, барем не за мене.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *