Бекамови слават 21 година брак, која е нивната тајна за успешен брак?

На 4-ти јули, Дејвид и Викторија Бекам ќе ја дочекаат 21-вата годишнина од нивната венчавка, а со подготовките за прослава почнале уште вчера.

bekamovi-slavat-21-godina-brak-kako-se-soochile-so-najgolemite-predizvici-01.jpg

46-годишната Викторија побара помош од Instagram фановите за да ја одбере најдобрата комбинација за прославата со Дејвид.

Таа се одлучила за бела комбинација со панталони, сако и кошула, што ја дополнила со интересен колан и златно ланче.

„Викендов ни е 21-вата годишнина со Дејвид, па се подготвувам за вечерта! Што мислите дека треба да носам?“, напиша Викторија на нејзината објава.

После две децении заедно, Бекамови докажуваат дека се еден од најмоќните холивудски парови. Нивната врска ги издржа сите предизвици, вклучувајќи ги и бројните гласини за неверство.

Кога се венчаа во 1999-та, Викторија беше дел од Spice Girls, а Дејвид една од најголемите фудбалски ѕвезди. Денес тие имаат четири деца, а одново и одново велат дека се сродни души.

Гласини за нивната разделба постојат уште кога ја почнаа врската, но тие секогаш ни докажуваат дека ова е лага. Па, што точно имаат да кажат тие за нивната врска?

View this post on Instagram

So sweet! I love u @davidbeckham x

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Дејвид има изјавено дека Викторија првпат му го напишала нејзиниот број на билет од воз, а тој го чувал билетот до денес. Фудбалерот сподели дека на почетокот, тие всушност ја криеле нивната романса:

„Првите три месеци беше неверојатно, бидејќи никој не откри дека сме заедно. Ни се допаѓаше ова бидејќи можевме да се прикрадуваме. Првпат се бакнавме на паркингот на еден ресторан. Се возевме насекаде и минуваме што е можно повеќе време заедно. Тоа беше прекрасен период од нашата врска“.

View this post on Instagram

Afternoon walk ♥️ @victoriabeckham

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on

Додека Дејвид бил убеден дека Викторија е вистинската уште пред да ја започнат врската, таа не го ни забележувала фудбалерот.

„Всушност, не ни знаев кој е. Никогаш не ме интересирал фудбалот“, вели Викторија.

Но, набрзо сфатила дека Дејвид е прекрасна личност:

„Секогаш беше со мајка му, татко му и сестра му, додека повеќето фудбалери беа во барот пијани. Уште на почетокот почувствував дека Дејвид е џентлмен што го сака семејството. Ова ми е многу важно бидејќи и јас сум таква“.

Во 2003-та почнаа гласините за неверството на Дејвид. Тој период се огласија и двајцата:

„Сме поминале низ многу полошо од ова и сигурно ќе го надминеме и ова“, изјави Викторија.

„Се разбира, се расправаме како и сите, но на крајот од денот, јас знам дека ја сакам мојата сопруга“, изјави Дејвид.

Речиси цела деценија подоцна, Викторија повторно прозбори за настанот:

„Беше тешко за нашите семејства, но сфатив дека сите луѓе имаат цена. Никој не рече дека бракот ќе биде лесен. Да, имаше пречки по патот, но факт е дека од сите проблеми излеговме посилни и посреќни. Сега дури и ни е  подобро отколку на почетокот на бракот. После сите овие години, можеме да си дојдеме дома и да се смееме заедно“.

Пред некоја година, Викторија ја откри и тајната за нивниот среќен брак. Според неа, најважното е што заедно се забавуваат.

„Тој е мојата сродна душа. Тој е најневеројатниот сопруг. Се надополнуваме еден со друг. Ме инспирира секој ден, со децата, со начинот на којшто се однесува… Среќни сме што се имаме еден со друг“.

И Дејвид „призна“ дека бракот не е лесен и дека бара многу работа, но дека го дава најдоброто од себе:

„Да бидеш во брак волку долго како ние, секогаш бара многу работа. Се наоѓате во тешки ситуации, како далечни деловни патувања, но наоѓате начин да го надминете и тоа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *