Зошто комарци сакаат да ве касаат? не е дека „имате слатка крв“

„Сезоната на комарци“ е официјално отворена. Ако сте честа мета на комарците сигурно си мислите „слатка крв – затоа ме касаат“. Но, ќе ве разочараме. Комарците ве напаѓаат заради друга причина.

ne-e-deka-imate-slatka-krv-zosto-ve-kasaat-komarci-01.jpg

Нив ги привлекува човечкиот здив т.е. јаглеродниот диоксид кој го издишуваме, во комбинација со разни хемикалии, создава мирис кој комарците можат да го почувствуваат и на 30m оддалеченост.

Биологот Барт Кнолс тврди дека секоја личност ослободува повеќе од 300 различни хемикалии од кожата, а дури 100 од нив се во здивот.

Уште еден важен фактор е и мирисот на кожата.

Така на пример, жолтите и тигрести комарци ги привлекува млечната киселина, додека обичниот комарец е склон кон масна киселина.

Постои и верување дека луѓето кои јадат кромид и земаат суплементи со витамин Б ги одбиваат комарците, но биологот вели дека не постојат доволно докази за ова.

ne-e-deka-imate-slatka-krv-zosto-ve-kasaat-komarci01.jpg

А, какви хемикалии испуштаме, зависи од тоа што го јадеме и нашите хигиенски навики.

Јапонските научници пак, веруваат дека крвната група е пресудна за комарците. Па така, личностите со 0 (нулта) крвна група се најчеста мета. А, најмалку веројатно дека ќе ве каснат е ако сте крвна група А.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *